ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Сè е поклопено – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството

December 16, 2025 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

– Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството. Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата,, ,реагира опозициската СДСМ со соопштение.

„Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. Исто како во времето на Никола Груевски и по истото сценарио што Вучиќ го спроведува во Србија. Токму денеска во собранието на Србија започна расправа за реформи во Уставниот суд, исто како кај нас, и наместо реформска агенда се поставуваат инсталации на власта. Сè е диригирано и синхронизирано. Copy-paste. На власта во Македонија ѝ гори под нозе.  Секој ден Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) објавува корупциски скандали – како преку наместени тендери се пумпаат милиони евра од џебовите на граѓаните. А од власта – никаква реакција! Сè е поклопено. Политички прогон, измислени кривични пријави, лажни вести, манупулации, злоупотреби на институциите, партизација. Ја пуштија дури и Катица Јанева, за да им служи како алатка во политичка кампања.

Режим 2.0.

Нема да ви помине! Народот ве чека за да ви каже крај.

Нема да се спасите! Сите ќе одговарате!“, истакнуваат од СДСМ.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата.

Коцевски на прес-конференцијата во ЈОРМС, го оцени како политичка одлука предлогот за негово разрешување што треба да се разгледува на денешната собарниска седница.

Кажа дека од функцијатра што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“. Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.

Собранието денеска на 76. седница, треба да расправа за владиниот Предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата државен јавен обвинител.
Next Post

Радеска: Прикривање и молк за смрт на бебе, директорката на ГАК веднаш да поднесе оставка

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk