ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ и ССНМ: Каква било резолуција не смее да влијае на новинарската слобода на изразување

December 16, 2025 14:12
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), укажуваат на одредени формулации во Резолуцијата за миграцијата поднесена од партиите што се дел од владината коалиција до Собранието, кои се однесуваат на јавниот говор и медиумското известување. Притоа, се наведува во соопштението од ЗНМ и ССНМ – сакаме да подвлечеме дека не навлегуваме во политичката, безбедносната или стратешката суштина на резолуцијата, ниту во дебатата за мигрантските политики.

Од двете организации посочуваат дека нивната реакција не навлегува во политичката, безбедносната или стратешката суштина на резолуцијата, ниту во дебатата за мигрантските политики, туку е фокусирана исклучиво на можните последици врз слободата на медиумите и правото на информирање.

Според ЗНМ и ССНМ, неколку формулации што се однесуваат на јавниот говор, дезинформациите и наводното нарушување на јавниот ред и мир, се премногу општи и недоволно прецизни, што може да ги направи проблематични од аспект на уставно загарантираната слобода на изразување.

Особено загрижувачки, како што наведуваат, е фактот што во резолуцијата се воспоставува директна врска меѓу „дезинформации“, „ширење паника“ и примена на одредби од Кривичниот законик и други закони, без јасно разграничување меѓу политичка пропаганда, јавно мислење и професионално новинарско известување. Ваквиот пристап, според нив, остава простор за широко толкување и потенцијална злоупотреба, што може да има обесхрабрувачки ефект врз медиумите и новинарите.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека во демократско општество медиумите имаат легитимна улога критички да ги преиспитуваат изјавите и политиките на носителите на власт, преку поставување прашања, анализа и информирање за теми од јавен интерес, дури и кога тие се непријатни или контроверзни. Таквото известување, доколку е засновано на професионални и етички стандарди, не смее да се поистоветува со дезинформации, манипулации или закана по јавниот ред и мир.

Во соопштението се нагласува и дека веќе постојат воспоставени механизми за саморегулација во медиумската сфера, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, кои претставуваат соодветен и демократски начин за постапување во случаи на сомнежи за неетичко или непрофесионално известување, наместо решенија преку општи политички акти со потенцијално ограничувачко дејство.

ЗНМ и ССНМ апелираат до институциите, при донесување резолуции, декларации и други акти, особено внимателно да ги формулираат деловите што се однесуваат на медиумите и јавниот говор, со цел да не се создаде впечаток на притисок, цензура или закана по слободата на изразување, загарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права.

„Слободните, професионални и независни медиуми, како и заштитата на правата на новинарите, се клучен столб на демократското општество и на јавниот интерес“, порачуваат од двете новинарски организации.

Next Post

Македонскиот олимписки комитет ја најави петтата јубилејна „Златна Олимпија“ – признание за жените во спортот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk