ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Дебар и Центар Жупа од денеска на сила само мерките кои важат за целата држава

Минатиот викенд заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа. На денешната седница Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, реши да се укинат сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила спрема акцискиот план подготвен на 13 март 2020, на стапување на сила на кризната состојба, прогласена за времетраење од 30 дена.

April 13, 2020 15:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатиот викенд заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа. На денешната седница Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, реши да се укинат сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила спрема акцискиот план подготвен на 13 март 2020, на стапување на сила на кризната состојба, прогласена за времетраење од 30 дена. Од денешен ден за Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата држава, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку.

Тој наведе дека од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба придонело во последните 10 дена, да нема нови случаи на заразени лица со коронавирус.

– Досегашниот биланс, се надеваме конечен, е следен: од 49 потврдени пациенти со КОВИД-19 – 16 се излечени, 4 починати, за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање, 29 пациенти се на домашно лекување, наведе Буџаку.

Тој посочи дека медицинските лица, како локалните, така и тие дојдени на испомош од другите делови на државата ја заслужуваат најголемата благодарност и пофалба за се што направиле и прават за граѓаните на Дебар и Центар Жупа.

– Јавно би ги пофалил локалните власти предводени од градоначалникот на град Дебар, Хекуран Дука, инаку по професија доктор, кои, во тесна соработка со подрачните единици на централните институции, цело време беа максимално ангажирани за ефикасно справување со ситуацијата. Преку Општинскиот кризен штаб и максималната поддршка на постојаниот штаб на подрачната единица на Центарот за управување со кризи, секојдневно бевме информирани за се што се случуваше, наведе Буџаку.

Тој истакна дека ЦУК секојдневно, преку учество на состаноците на ГККШ, ги пренесувал сите барања кои биле доставени од кризното подрачје, констатирајќи  дека на 95 отсто од барањата, (документирано преку дневните извештаи), било одговорено и постапено.

– Благодарност и до припадниците на МВР, Армијата на РСМ, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, невладините хуманитарни организации и сите други за нивниот голем придонес за надминување на кризната состојба. Најголема честитка заслужуваат граѓаните на Дебар и Центар Жупа кои максимално се придржуваа до сите мерки донесени од страна на институциите на системот. Нивното трпение и високата граѓанска свест, придонесоа да имаме релативно и компаративно мал број на заразени и починати, наведе Буџаку.

Next Post

СДСМ: Не треба да има државна матура оваа учебна година

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk