ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: Над 100 милиони евра загуба поради увоз на струја – кој профитира?

December 24, 2025 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ обвини дека поскапувањето на електричната енергија и прогласувањето кризна состојба се резултат на криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор, а не на надворешни фактори, како што се протестите во Грција. На прес-конференција, генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, оцени дека граѓаните плаќаат за лошите политики на Владата, додека буџетот се соочува со дупка од една милијарда евра.

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја и директно удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, а дупката во буџетот изнесува една милијарда евра“, изјави Димитријевиќ.

Тој посочи дека за само година и половина, со министерката Сања Божиновска на чело на енергетиката, државната компанија ЕСМ била доведена до финансиски и производствен колапс. „Не се произведува доволно струја дома, туку се увезува скапа струја од странство. Оваа година имаме историски најниско производство на домашна електрична енергија – ниту половина од планираните 5.100 GWh“, рече тој.

Според СДСМ, разликата во цената меѓу домашното производство и увозот директно ги чини граѓаните десетици милиони евра. „Наместо струја произведена дома, која ја чини државата 80 до 90 евра по мегават-час, Владата купува струја по цена од 140 евра по мегават-час. Само во првите два квартали од 2025 година загубата изнесува 77 милиони евра, а проекцијата е дека до крајот на годината ќе надмине 100 милиони евра“, изјави Димитријевиќ.

Тој оцени дека токму овие загуби се причината за поскапувањето на струјата и за прогласувањето кризна состојба. „Сега е ли јасно зошто струјата поскапува и зошто се прогласува кризна состојба? За да се покријат криминални тендери и неспособност“, рече генералниот секретар на СДСМ.

Како дополнителен проблем, Димитријевиќ ги посочи и спорните јавни набавки. „Зошто фалат една милијарда евра во буџетот? Исто така поради тендери – 161 тендер за една фирма или девет милиони евра за друга фирма со само двајца вработени, за кои веќе објавивме“, изјави тој.

СДСМ побара итна реакција од Јавното обвинителство. „Бараме Обвинителството веднаш да отвори истрага за загубите од над 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за овие загуби? Кој профитира од скапиот увоз на струја? Кој заработува додека народот плаќа?“, порача Димитријевиќ, нагласувајќи дека, според партијата, „одговорност мора да има“ и дека „работата не е завршена“.

Tags: Александар Саша ДимитријевиќструјаУвоз
Next Post

Трагедија во близина на Филаделфија: Експлозија на гас разурна дом за стари лица, има загинати

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk