Златан Ибрахимовиќ демонстрира дека не е загрижен за пандемијата од коронавирус. Шведската sвезда е во својата татковина и денес по втор пат учествува на тренинзите на Хамарби. Напаѓачот на Милан има 25 отсто од акциите на локалниот клуб.
Det bjöds på ett gäng ? när Abbe Khalili, Muamer Tanković, @vladarodic och @Ibra_official var i farten efter dagens pass. #Bajen pic.twitter.com/qKCS81ac27
— Hammarby Fotboll (@Hammarbyfotboll) April 13, 2020
Ограничувањата поради коронавирусот во Шведска се многу полесни отколку во другите европски земји и дозволени се тренинзи, иако натпреварите се строго ограничени.
Денешниот тренинг беше разновиден во однос на временските услови, а дел од него помина под силно сонце, а другиот под снежни врнежи. Според очевидци, во еден момент Златан почнал да кашла, но тоа не му пречело на кој било начин, и тој продолжил да тренира.
– Тој праша дали може да тренира со нас, и ние очигледно се согласивме. Не знам колку долго ќе го прави тоа. Тоа зависи од тоа што се случува низ целиот свет, рече претседателот на Хамарби, Ричард фон Јукскул минатата недела.