Фудбалот и Холивудот се споија во трач што ја разбранува Италија и предизвика изненадувања во САД. На социјалните мрежи кружат гласини за наводна романса меѓу фудбалерот Кристијан Пулишиќ и холивудската актерка Сидни Свини, но засега – без каква било официјална потврда, пренесува La Gazzetta dello Sport.
Pulisic ha un flirt con Sydney Sweeney: la notizia impazza sui social: cosa c’è di vero https://t.co/gD4OxoT6RK
— Corriere della Sera (@Corriere) December 25, 2025
Приказната тргна од Италија, од Инстаграм профилот „DNA Bomber“, каде за кратко време предизвика лавина од коментари, мемиња и реакции, по што брзо се прошири и преку Атлантикот. Во Италија гласините беа пречекани со ентузијазам, додека реакциите во САД се значително повоздржани. Дополнителна доза скепса внесе и неодамнешната контроверзија поврзана со рекламна кампања во која учествуваше Свини.
(ВИДЕО) Сидни Свини конечно проговори за контроверзната реклама за фармерките
Само трач или нешто повеќе?
Засега, фактите не одат во прилог на романтичната приказна. И Пулишиќ и Свини, според достапните информации, се поврзуваат со други партнери. Напаѓачот со хрватско потекло, кој сезонава игра одлично за Милан, каде настапува и Лука Модриќ, наводно од 2024 година е во врска со голферката Алекса Мелтон, а нивната последна заедничка фотографија е објавена во јуни.
Сидни Свини, пак, по раскинувањето со Џонатан Давино, беше поврзувана со бизнисменот Скутер Браун до почетокот на ноември.
Засега, доказ за романса нема, но гласините очигледно ја забавуваат јавноста и уште еднаш покажаа колку брзо световите на фудбалот и Холивуд можат да се сретнат во ист наслов.











































































































