Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во инцидент со употреба на остар предмет што се случил рано утринава пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 01.01.2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што биле пронајдени две лица со повреди од остар предмет.
Станува збор за А.М.Д. (22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, како и за Ч.Е. (23), исто така од Турција, кој со тешки повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







