ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Средба со криминалци нема, техничката влада мора да остане!

January 8, 2026 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека нема да има средба за техничката влада со, како што рече, „криминалци кои се обидуваат да ја узурпираат државата“, обвинувајќи ја власта дека бара алиби за распишување предвремени избори.

„Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче оцени дека актуелните политички случувања се дел од сценарио подготвено уште минатата година, за кое, како што рече, СДСМ јавно предупредувал со месеци.

„Ова што се случува е сценарио смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори, па мигранти за пари“, рече тој.

Според него, во буџетот нема средства, поради што власта се обидува да отвори простор за нови задолжувања.

„Нема пари во буџетот, власта се брза да превезува мигранти, да земе кредит од 6 милијарди евра, плус 20.000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми“, додаде Филипче.

Тој порача дека СДСМ нема да учествува во, како што ја нарече, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ“.

„Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе се имаат испланирано. СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека техничката влада мора да остане поради, како што рече, целосната узурпација на институциите од страна на власта.

„Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше сѐ. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството и носи измени на Кривичниот законик спротивно на препораките на Европската Унија“, рече тој.

Филипче обвини дека измените се носат „за заштита на криминалот на власта“, додавајќи дека со резолуции и закони се укинува слободата на говор и се спроведува целосна партизација на полицијата.

Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе организира брифинг на кој ќе бидат презентирани детали за состојбите во правосудството.

„Да не беа овие чекори, можеби и можеше да се разговара. Но ова е класична мафија“, изјави Филипче.

Во продолжение, тој повтори дека нема простор за дијалог.

„Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат сѐ и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада – има само одговорност“, нагласи тој.

Филипче повторно ја спомена и, како што рече, поврзаноста со Србија.

„Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицкоски да ги споменува изборите? Што е тоа – коинциденција или тоа што го зборуваме повеќе од еден месец?“, праша тој.

Тој оцени дека меѓународните случувања дополнително ја забрзале ситуацијата.

„Акцијата на Соединетите Американски Држави и Законот за Западен Балкан, каде фокус е борбата против криминалот и корупцијата, ги забрзаа работите. Постојат најави за црни листи и санкции за политичари од целиот регион“, изјави Филипче.

Во завршницата, тој потсети на, како што рече, кампањата на напади и дезинформации против него и СДСМ.

„До вчера ме обвинуваа секој ден, бараа да си заминам од СДСМ, измислуваа приказни за Дубаи, Харис Џиновиќ, Сент Мориц, лажни вести и навреди. И сега – средба? Па дали мислат дека и јас и СДСМ сме наивни?“, рече Филипче.

Тој ја повтори својата позиција со јасна порака:

„Средба нема. Техничката влада останува.“

Tags: МицкоскиФилипче
Next Post

Мицкоски е во тесно, бара алиби за распишување предвремени избори, истакна Филипче

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk