ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЦИВИЛ објави и печатена верзија од извештајот „Локални избори 2025: Ненаучени лекции“ на англиски јазик

January 21, 2026 13:51
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода соопшти дека од печат излезе англиската верзија на сеопфатниот извештај за набљудување и анализа на локалните избори „Демократски Навигатор 2025 – Локални избори во Северна Македонија: Ненаучени лекции“. Дигиталното издание на англиски јазик е достапно веќе од средината на декември минатата година.

Оваа публикација од 136 страници ги обединува теренското набљудување на ЦИВИЛ, аналитичките извештаи и препораките за јавни политики поврзани со турбулентните локални избори во 2025 година, одржани во октомври и ноември во Северна Македонија. Публикацијата е резултат на повеќемесечна работа на тимовите на ЦИВИЛ за мониторинг, истражување и аналитика, како и тимот за медиумската продукција, реализирана во тесна координација со домашни и меѓународни партнери, вклучително и партнерите во рамки на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (ДДГИ).

Извештајот за првпат беше јавно презентиран на 15 декември 2025 година, на завршниот настан од Неделата на човековите права и програмата Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата. Набргу потоа беше целосно интегриран и објавен онлајн, а сега е достапен и во печатена форма, што е важен чекор кон обезбедување долгорочна достапност за институциите, истражувачите, носителите на одлуки, граѓанското општество и јавноста.

Запис, а не ритуал

„Ненаучени лекции не е церемонијална постизборна публикација. Таа ги документира структурните слабости, демократското назадување и институционалните неуспеси забележани за време на локалните избори и ги поставува во поширок контекст на демократската отпорност, хибридните закани и ерозијата на јавната доверба“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, по повод излегувањето на печатеното издание.

Извештајот ги комбинира наодите од долгорочното и краткорочното изборно набљудување, анализата на политичката, правната и медиумската средина, сигналите за рано предупредување и факторите на ризик, како и конкретни препораки за јавни политики наменети за институциите, политичките актери, граѓанското општество и меѓународните партнери.

Публикацијата претставува централeн дел од проектот Демократски навигатор на ЦИВИЛ, поддржан од Соjузното министерство за надворешни работи на Германија во 2025 година. Таа е своевиден континуитет на пошироката стратешка рамка на ЦИВИЛ, претставена во глобалната публикација „Одбрана на демократијата и човековите права: Извештај и препораки за јавни политики“, објавена во март 2025 и која веќе е претставена во повеќе европски центри, вклучително Лондон, Рим, Берлин, Брисел, Кијив и низа други.

Дигитален пристап и повеќејазична достапност

Целосното онлајн издание на извештајот останува достапно на медиумската платформа на ЦИВИЛ, како на англиски, така и на македонски и албански.

Во тек е објавувањето на Извештајот во форма на како серија тематски поглавја на медиумските платформи на ЦИВИЛ:

  • На македонски јазик, во категоријата ИЗБОРИ на CivilMedia.mk
  • На албански јазик, во категоријата ZGJEDHJE на Drejt.mk

Со тоа се обезбедува широка јавна достапност и инклузивност низ различните јазични заедници. Целата содржина е објавена под лиценца Creative Commons 4.0, што овозможува слободна употреба во согласност со условите на лиценцата.

Од набљудување кон одговорност

Печатеното издание на Ненаучени лекции не е наменето само како документација, туку и како алатка за одговорност, размислување и реформи. Како што CIVIL истакна во својата годишна изјава на 31 декември:

„Ова не е годишен преглед. Ова е годишен маркер. Ова не е прослава на затворање, туку одбивање на комфорноста и манипулациите.“

Истото начело го води и овој извештај: демократската ерозија не запира, па затоа и јавниот фокус не смее да исчезне.

 

Next Post

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk