ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, соѕиданите пари откриени по оперативни сознанија

January 21, 2026 17:03
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата за апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е поведена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело почнала од пријавени наоди за судии во Апелација, а потоа следеле и други настани, кои довеле до изградба на случајот.

Како што брифираа денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истрагата почнала пред речиси една година и случајот не е граден врз основа на еден наод, туку нештата се врзувале едно со друго. Ристов не бил ставен на посебни истражни мерки, а до скриените соѕидани 350 илјади евра во куќата на неговите родители во Неготино е дојдено по постапување врз основа на оперативни сознанија.

По појдовниот наод, се појавиле повеќе сведоци, кои тврделе дека им се влијаело од страна на адвокати во случаи со лица со влијание, се појавувале телефони, меѓу кои и на затвореници, а како што велат од ОЈО ГОКК, со оглед на новата опрема, која им овозможува поголеми перформанси, можеле да се слушнат и интересни разговори меѓу затворениците.

Обвинителката Искра Хаџивасилева на брифингот со новинарите нагласи дека како што доаѓале до нови наоди, сознанија, информации, случајот почнал да се гради, а неговите контури почнале да се исцртуваат по случајот со поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој беше лишен од слобода, кога беше осомничен за земање поткуп за да влијае врз судија.

Поточно, Стафа е осомничен дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел интервенција кај судија во Апелацискиот суд – Скопје. Намерата била, како што претходно соопшти ОЈО ГОКК, преку поткуп да се влијае врз извршување службено дејство, кое не смеело да биде преземено. Истрагата утврдила дека Стафа првично побарал 100.000 евра за да обезбеди укинување на мерката притвор определена за лице што е недостапно за органите на прогонот и против кое ОЈО ГОКК води посебна постапка за кривични дела поврзани со јавните финансии, платниот промет и стопанството.

На брифигот денеска од ОЈО ГОКК посочија дека со наводите и доказите, кои биле доставени за лицето Љупчо Пецов, познат по прекарот Ѓаволот, кој е осомничен во случајот „Синџир“, случајот со судијата Ристов добил поконкретни контури.

За тоа дали овие пари за кои Стафа е осомничен дека ги примил како поткуп стигнале до Ристов, ОЈО ГОКК не може ништо да тврди. Оттаму велат особено е тешко да се обезбедат директни докази, особено за поткупите и примопредавањата во случаите на висока коруција, бидејќи тие не одат директно од рака на рака, туку секогаш има посредници и многу обрачи за заштита на т.н. примач. И во случајот со Стафа ОЈО ГОКК не применило ПИ-мерки, туку истрагата ја спроведувале со други тактики и операции.

Паралелно тече и финансиската истрага во случајот со судијата, која како што велат од ОЈО ГОКК бара дополнително време, бидејќи се вклучени повеќе институтции од кои треба да се обезбедат податоци, да се анализираат. Со оглед на тоа дека станува збор за судија направени се анализи на она што го поседува како имот движен, недвижен, дали е пријавен во ДКСК и она што е негов легитимен приход од државната плата и каков е нивниот сооднос. Од ОЈО ГООК посочуваат дека како течела истрагата станало јасно дека бараат пари во готовина. Спроведени се претреси на неколку локации, поточно на три, кои по опертивните и криминалистичките наоди биле најлогични за проверка, но при првиот обид не било пронајдено ништо. По нови добиени сознанија одлучено е да се спроведе уште еден претрес во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино, по што, како што велат од Обвинителството со макотрпна работа на истражителите, полицајците, како и со новите технички можности и техники на испитување дошле до соѕиданите 350 илјади евра.

При претесот судијата Ристов не бил во куќата, а истражителите поставувувале различни прашања од типот дали сте реновирале нешто во куќата, па по добиениот негативен одговор, бил забележан потазе цемент, потоа плочки кои се разликувале една со друга и при мало кршење се појавила дупка, која се проширила кон десно и почнале да паѓаат поединечно спакувани пари. Биле со различни апоени, а најголемиот дел од по 500 евра.

Од Обвинителството велат дека не знае кога точно биле соѕидани парите и дека немаат потврда од кој кривичен предмет потекнуваат.

Како што велат од ОЈО ГОКК не може да тврдат од кога потекнуваат тие пари, дали се за случајот со Стафа или за некој друг или нешто друго, но напоменуваат дека за нив нема оправдание согласно примањата на судијата. Нагласуваат дека овие пари не се поврзуваат директно со некој поткуп, но станува збор за пари поврзани со лице кое има законска обврска да пријавува имот и во тој случај се поставува прашањето дали тоа лице требало да ги пријави и тие 350 илјади евра заѕидани во ѕид.

Затоа судијата е осомничен за прикривање на имот, како и за перење пари. За делото перење пари, велат од ОЈО ГОКК, парите не се пуштени во оптек, туку се криени, а непријавени, што е една од формите на ова кривично дело, според Кривичниот законик.

Во однос на тврдењето на Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на судијата Ѓоко Ристов дека 350 илјади евра се пари на родителите на судијата а не негови, Обвинителството нагласува дека не е убедено дека средствата се на родителите или од земјоделство, но сепак додава дека другата страна има право тоа да го докаже ако имаат аргументи.

Судија на претходна постапка вчера го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на Ристов му одреди мерка куќен притвор. Покрај куќниот притвор, на Ристов му е одземен и пасошот, како дополнителна мерка за обезбедување присуство што исто така ја бараше ОЈО ГОКК. Мерките, како што наведоа од Кривичен, се одредени откако осомничениот судија и надлежниот јавен обвинител се произнеле во врска со нив пред судијата на претходна постапка. Против решението на судијата на претходна постапка, странките, како што потсетуваат од Судот, имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, кој е единствено надлежен за постапување по предметите на ОЈО ГОКК.

Одлуката за предложените мерки за обезбедување присуство на Ристов, Кривичниот суд ја донесе откако претходно вчера Судскиот совет се произнесе по барањето на апелацискиот судија да му биде одземен судискиот имунитет и да му биде одредена мерката куќен притвор.

Првиот човек на ОЈО ГОКК, Ислам Абази на брифингот со новинарите истакана дека овој предмет е пример за успешна соработка на институциите, но ја истакна и важноста на медиумите и нивните извештаи во неговото градење.

Во врска со тоа зошто за судијата Ристов не е побаран затворски притвор, туку куќен, обвинителката рече дека ги ценеле сите околности и донеле избалансирана одлука, а дополнително, осомничениот судија имал активно боледување.

 

Next Post

Собраниската комисија едногласно одлучи: Бојан Маричиќ предложен за прв човек на ДИК

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk