Во Минеаполис, сојузни имиграциски агенти поврзани со ICE (Управата за имиграција и царина на САД) повторно одзедоа човечки живот на улиците на градот, откако 37-годишен локален жител беше убиен за време на федерална операција ова саботно утро, јавуваат локални медиуми. пренесува Ројтерс.
Според официјалните извештаи, агентите на ICE тврдат дека лицето било вооружено со пиштол, по што тие отвориле оган, тврдејќи дека дејствувале „во одбрана“.
Снимките што кружат од присутни граѓани што го снимиле инцидентот, не покажуваат таква ситуација.
Снимките покажуваат дека убиениот маж, 37-годишен жител на Миннеаполис, ги снимал федералните имиграциски агенти на сред улица. Потоа се придвижува кон тротоарот и се обидува да им помогне на двајца случајни минувачи. Додека го прави тоа, еден агент го прска со бибер-спреј. Потоа му се нафрлаат повеќе агенти, при што бил испукан еден куршум. Агенти се повлекуваат, по што еден од нив испукува повеќе истрели кон мажот, кој подоцна починал во болница.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вознемирувачки видеа од два различни агли
Another angle of federal agents killing a Minnesota legal observer, which appears to come from the direction of the woman in pink filming from the sidewalk.
Obtained by Drop Site News pic.twitter.com/IT56ftPkYP
— Drop Site (@DropSiteNews) January 24, 2026
ICE agents shot and killed another person in Minneapolis this morning.
Get ICE out of Minnesota NOW.https://t.co/FLnqgULUWL
— Democrats (@TheDemocrats) January 24, 2026
Локалните власти, посочуваат дека мажот бил американски граѓанин, легален носител на оружје и со минимални, само сообраќајни прекршоци во минатото, што дополнително го разгоре гневот во заедницата и критиките кон имиграциската операција.
Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, остро го осуди пукањето и јавно повика ICE веднаш да ја напушти државата, прашувајќи колку уште животи треба да се загубат додека федералните агенти продолжуваат да делуваат на улиците на градот. Во својот говор тој нагласи дека видеа од инцидентот покажуваат како агентите физички го притискаат и пукаат во човекот, што според него е неприфатливо за заедницата, пренесува ABC News.
Гувернерот на Минесота, Тим Валц, исто така реагираше со силни изјави, опишувајќи ја ситуацијата како „болна и шокантна“ и повикувајќи ја федералната влада да ги повлече агентите. Тој ја нарече федералната операција „неодржлива“ и побара државните власти да ја раководат истрагата, потенцирајќи дека локалните институции треба да имаат водечка улога во обезбедувањето правда и безбедност.
Инцидентот се случува помалку од три недели откако 37-годишната Рени Гуд беше застрелана од агент на ICE во истиот град, што предизвика протести и барања за одговорност.
По најновото пукање, стотици граѓани излегоа на улиците, се судрија со федералните сили и беа употребени хемиски средства за растерување, јавија медиумите од САД. Демонстрантите продолжуваат да ја осудуваат присутноста на федералните агенции и бараат крај на операцијата на ICE во Минесота и пошироко, нагласувајќи дека таквата тактика создава несигурност и страв во заедниците.
Критичарите исто така укажуваат дека ваквите смртни употреби на сила од страна на имиграциони агенти го продлабочуваат недовербата кон федералните служби и ризикуваат да предизвикаат уште поголеми конфликти помеѓу локалните заедници и владини сили.
Ј. Ѓ.







