До утре на пладне (четврток 12:00) имаат рок да се пријават маркети и економски оператори кои ќе вршат достава на намирници на територијата на општина Тетово, во текот на забраната за движење од петок од 17:00 часот до вторник до 05:00 часот.
Кризниот штаб при Општина Тетово за спречување на ширење на корона вирусот објави нов повик со цел да се пријават уште сопственици на маркети и економски оператори на општинската територија за време на забраната на движењето кое ќе трае подолго од минатиоѕ викенд.
„Сите маркети и економски оператори кои се заинтересирани да доставуваат производи за итни случаи за време на полицискиот час во текот на викендот, со минимум двајца вработени (со сертификат М1 / М2), потребно е да испратат барање до седиштето на кризниот штаб при Општина Тетово на следната електронска адреса: info@tetova.gov.mk или да поднесат барање до архивата на Општина Тетово, најдоцна до четврток во 12:00 часот. Барањето во електронска форма можете да се најде на интернет страницата на општината”, информираат од Општина Тетово.
Истовремено на маркетите и економските оператори кои беа претходно избрани, ќе им биде дозволено да продолжат со работа сè до престанокот на вондредната состојба и тие нема потреба повторно да аплицираат.
А. Зеќири