Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седма седница на Националниот совет за евроинтеграции, потенцираше дека граѓаните повторно ќе го платат цехот и ќе ги почувствуваат последиците од лошите политики на Владата. Тој, порача дека утре граѓаните и економијата конкретно ќе го почувствуваат ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето на новиот електронски систем од Европска Унија.
„Ќе крахира економијата што би рекол еден независен аналитичар и со тоа упатува сериозна порака до еден министер вицепремиер во владата којшто треба да се занима со тоа и којшто не требал да доведе или требал да направи нешто да тоа не се случи, а тој независен аналитичар се вика Александар Николоски. Предупредува дека ќе крахира економијата, внимавајте кога над 60, 70% од нашата економија, извозот и увозот, посебно, поединечно се врзани со земји членки на Европската Унија. Граѓаните по којзнае кој пат ќе го платат цехот и цената на овие лоши владини политики“, рече Филипче.







