Социјалното дистанцирање во Америка би можело да трае до 2022 година, тврдат научници од универзитетот Харвард.
Тие сметаат дека карантинот ќе треба делумно да продолжи, освен ако наскоро не се открие вакцина против коронавирусот, или барем додека не се утврди дека луѓето кои закрепнале од оваа болест развиле имунитет за што засега нема докази.
– Социјалното дистанцирање ќе мора да потрае, освен ако не се зголемат болничките капацитети или не се најде вакцина. Дури и ако бројот на пациенти драстично се намали, укинувањето на ограничувањата ќе овозможи коронавирусот да се врати со голема брзина. Дистанцирањето е најсилното оружје против овој вирус и доколку е потребно, ќе треба да биде во сила уште неколку години, тврди професорот Марк Липсич.
Тој додава дека се работи на развој на тестирање на имунитетот против вирусот и колку тој трае, за да може да им се укине карантинот на граѓаните кои имаат имунитет. Тоа пак, ќе доведе до голем социјален проблем затоа што оние што немаат имунитет би се чувствувале како граѓани од втор ред и ќе мора да останат дома.
И директор на Центарот за превенција и контрола на болести Роберт Редфилд, вели дека социјалната дистанца е едно од најмоќните оружја против Ковид-19. Тој потенцира, ако го зголемиме социјалното дистанцирање, ќе ја лимитираме можноста вирусот да се шири.
Во САД има повеќе од 610.000 заразени, и повеќе од 26.000 починати од Ковид-19.