На 58-годишна возраст почина современиот македонски книжевник, писател и поет, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски, соопшти неговото семејство.
Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, по што следеа бројни реакции и изрази на сочувство од книжевната и културната јавност.
Тихомир Јанчовски остави значаен траг во современата македонска литература како автор, поет и преведувач, а беше познат и по своите колумни и јавни настапи, со кои придонесуваше во јавниот и културниот дискурс.
Ј. Ѓ.







