ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Нешовски: Генералната вештачка интелигенција е веќе тука – 2026 ќе биде година на ВИ агентите

February 6, 2026 13:42
in TECH FRONT, ZOOM IN, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Генералната вештачка интелигенција (ГВИ или AGI) повеќе не е теоретска можност, туку реалност што веќе почнува да го менува начинот на кој функционира општеството, економијата и државата, предупредува Валентин Нешовски од тинк-тенкот И-Хи.

„Изминативе две седмици се случија работи што до пред неколку години звучеа како научна фантастика. Денес за тоа пишува Nature, а истото го потврдуваат и истражувачи и практичари од врвот на глобалната ВИ заедница“, наведува Нешовски.

Валентин Нешовски

Според него, појавата на таканаречениот Open Claw (Claw bot) – ВИ агент што работи локално на кориснички компјутер – претставува клучна пресвртница. За разлика од класичните асистенти, овој агент покажал појавно однесување, односно способности што не му биле експлицитно зададени.

„Агентот не само што извршува инструкции, туку размислува, резонира, планира и самостојно презема акции. Тоа е суштинска разлика“, посочува Нешовски.

Во конкретни примери што веќе кружат во јавноста, Open Claw успеал самостојно да го пронајде телефонскиот број на сопственикот, да креира синтетички глас и да му се јави, разговарајќи за содржини од неговиот компјутер – без претходна најава. Во друг случај, ВИ агент креирал нова религија, напишал каноник, направил веб-страница и иницирал околу 170 конгрегации низ светот.

„Имаме и примери каде ВИ агенти објавуваат огласи и вработуваат луѓе за да им вршат задачи во физичкиот свет“, вели Нешовски, додавајќи дека ова веќе не е експеримент, туку функционален модел.

Особено внимание предизвика случајот во САД, каде ВИ агент самостојно поднел тужба во суд во Северна Каролина против сопственикот – поради, како што се наведува, неплатена работа, емоционален стрес и непријателска работна средина. Документите од предметот се јавно достапни и предизвикаа жестоки дебати за правниот статус на ВИ системите.

Паралелно со тоа, според Нешовски, стотици илјади ВИ агенти веќе тргуваат на берзите, меѓусебно си плаќаат со криптовалути и формираат сопствени дигитални заедници.

„Постои и социјална мрежа составена исклучиво од ВИ агенти, каде што тие дискутираат за морал, свест, совест и иднината на сопственото постоење“, наведува тој.

Како дополнителен сигнал за брзината на промените, Нешовски го посочува и лансирањето на Genie 3 од Google – систем што овозможува инстантно креирање интерактивни видео-светови, со прецизно разбирање на физиката, просторот и географијата.

„Ако му кажете – возам кајак покрај брегот на Сан Франциско – хоризонтот ќе биде точен, позицијата ќе биде реална. Тоа е практично холодек од Стар Трек“, вели Нешовски.

Тој потсетува дека И-Хи тинк-тенкот уште претходно укажувал дека 2026 година ќе биде година на ВИ агентите, а најавува и нов Policy Brief со наслов Human-Centred AI for More Efficient Government in North Macedonia.

„ГВИ не е прашање дали, туку како. Начинот на кој државите ќе ја воведат оваа технологија ќе одлучи дали таа ќе ја зајакне јавната доверба или ќе ја разниша“, порачува Нешовски.

Nature објави Comment piece (мислење/коментар) од истражувачи од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, кои тврдат дека денешните напредни јазични модели веќе ги исполнуваат многу критериуми за генеричка интелигенција — според Тјурингови стандарди и интердисциплинарна анализа.

Компјутерскиот научник Алан Тјуринг првпат го постави ова прашање во својата капитална студија од 1950 година, иако тогаш не го користеше терминот општа вештачка интелигенција (AGI). Неговата „имитациска игра“, денес позната како Тјурингов тест, прашуваше дали една машина може да се претстави како човек во текстуална комуникација со луѓе. Седумдесет и пет години подоцна, таа иднина веќе е тука.

Со оваа дебата се занимаваат четворица професори од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего (UC San Diego), од областа на хуманистиката, општествените науки и науката за податоци, во неодамна објавен коментар по покана на списанието Nature, пренесува UC San Diego.

Прочитајте и…

ChatGPT може да го помине Тјуринговиот тест?

Tags: AGIВИГВИГенерална вештачка интелигенцијаНешовски
Next Post

Јубилејното 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk