ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите

February 16, 2026 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција побара повлекување на предложените измени на законот за високо образование и потенцираше дека водат кон владина контрола над универзитетите и рушење на автономијата на универзитетите.

„Предложените измени на законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма тоталитаризам. Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди“, посочи Филипче.

Во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата, со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот, односно кај владата, и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите.

„Преку членовите слоеви од 198, 199 и 201, министерот станува најмоќна фигура во високото образование со можност да укинува одлуки на универзитетски органи. Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13, наместо да ја штити институционалната независност, отвора механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата“, рече Филипче.

Тој дополнително предупреди дека доколку законот се поднесе во сегашната форма, тоа ќе значи сериозна ерозија на автономијата и ќе предизвика партиска контрола на универзитетите:

„Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот да може да се развива научно-истражувачката работа, па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови. Доколку се поднесува во оваа форма во Собранието, ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор и да се слушне нивниот глас, за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира“, појасни претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Next Post

Обама појасни по виралните изјави: Нема докази дека вонземјани ја посетиле Земјата

Shortcut

Најново

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk