Марк Руте – Генералниот секретар на НАТО, денеска доаѓа во официјална посета на Северна Македонија.
Руте ќе биде примен од претседателката Сиљановска-Давкова, а се очекуваат и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши, како и присуство на армиска демонстрациска вежба.
Официјалната агенда на НАТО најавува и заедничка прес-конференција на Руте со претседателката на Северна Македонија во 12:45 часот, како и обраќање на генералниот секретар пред пратениците во Собранието во 13:40 часот.
Оваа посета на Руте на Скопје е прва во својство на генерален секретар на НАТО.
Поради посетата денеска во централното подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.







