ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Два часа пред трагедијата во Карпош, полицијата била на лице место, Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави

March 3, 2026 19:44
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Два часа пред мајката Ивана и девојчето Катја да го загубат животот во скопски Карпош, на лице место била полицијата, но бидјеќи мајката не сакала да поведе постапка си заминале. Полицијата, исто така, според тврдењето на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, многу добро го познавала насилниот сопруг на Ивана, Стојанче Јовановски. Тој, покрај тоа што бил пријавуван за семејно насилство имал и историја на тежок криминал со 10 кривични пријави за насилство, кражби и трговија со дрога. Полицијата нашла и видео запис од истиот ден на кој се гледа како Стојанче ја удира Ивана. Но, веќе било предоцна. Државата не нашла начин да ги заштити мајката и детето, пренесува Мета.мк.

„Дента кога се случи трагедијата, во 12 часот и 5 минути, во МВР стаса пријава за расправија по што полицајци биле упатени на лице место и пристигнале во 12 и 19 часот. Разговарале со Ивана, која потпишала изјава дека немало физички контакт меѓу неа и сопругот и дека не бара поведување на било каква постапка. Кажала дека брачните односи ги решава со бракоразводна постапка. По ова постапување, заминала и се упатила кон станот каде подоцна се случил трагичниот исход, односно во 14 и 15 часот. Сите овие околности детално се документирани и ќе бидат анализирани. Стојанче Јовановски е лишен од слобода поради осомничен за сторено кривично дело. Ќе има кривична пријава по брза постапка“, информира Тошковски.

Во врска со изјавата на Ивана, односно повлекувањето на пријавата, МВР треба да види дали истата била дадена под присила на сторителот, дали ја притискал, дали ѝ влијаел да ја повлече, иако факт е дека најголем број од предметите се затвораат токму зашто жртвата се повлекува и тоа не треба да биде така.

Тошковски кажа дека МВР поседува видео запис на кој јасно се гледало како сторителот ја удира жртвата најверојатно истиот ден кога се случила трагедијата. Тој кажа дека има повеќе кривични дела напоменати од инспекторите по кои ќе се гони сторителот Стојанче Јовановски а тоа опфаќа наведување на сторување на самоубиство, нанесување на телесни повреди поврзани со семејно насилство и загрозување на сигурноста. Врз основа на овие дела, лицето е задржано во станица по што ќе бидат преземени понатамошни чекори.

Во врска со претходни постапувања, тој кажа дека СВР Скопје поднело вкупно 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Во 2025 пријавите биле за трговија со дрога, бидејќи кај Јовановски биле пронајдени 20 паковки со дрога (марихуана и амфетамин) по што бил лишен од слобода. МВР доставило кривична пријава, а јавен обвинител побарал мерки на претпазливост, по што тој морал да се јавува во судот.

„Во 2025 и во 2026 година има пријави за нарушени меѓучовечки односи и физички напади меѓу сопружниците. Се преземале мерки, но во сите наврати, пријавите биле повлекувани, односно жртвата се откажувала од водење понатамошни постапки“, кажа Тошковски.

Во јануари годинава беа усвоени измени во Кривичниот законик поврзани со постапување на МВР во врска со нанесување телесна повреда при семејно насислство. Со тие измени полициските службеници по службена должност треба да постапуваат, но само во случај ако има видлива телесна повреда на жртвите.

„Ваквите измени на законот, досега резултираа со 3 поднесени кривични пријави по брза постапка, 2 притвори и 1 случај – мерки за обезбедување присуство, каде имаме детектирано случаи на потенцијално сторено кривично дело. За среќа законот ни дава други овластувања, па ако има видливи физички повреди, нема да може да се повлече жртвата. Ако овде се ангажира ЦСР, ако се охрабрат граѓаните да зборуваат јавно и гласно за овие проблеми, нема да се вакви ситуациите“, кажа Тошковски кој информира и дека со систематизација ќе се формира посебно одделение кое ќе се занимава со овој тип на криминалитет кое ќе функционира на национално ниво.

Тошковски најави дека од денеска секој ќе биде посочен како сторител на семејно насилство, ќе биде повикуван во станица на информативен разговор.

„Денес ќе пратиме телеграма до сите полициски станици и ќе дадеме напатствија, секој да биде повикуван на разговор. Многу е битно да ја кренеме свеста, јавноста да комуницира со МВР. Таков тип на пријави се зголемени. Ако претходно сме имале само 1 притвор, сега имаме 5. Тоа значи дека жртвите се охрабруваат да комуницираат и само така со кревање на свеста и со фокусирано посветување на сите институции, вклучително и МТСП“, кажа тој.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис – 4 март 2026

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk