ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шукова: Оставка на Тошковски, пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија

March 10, 2026 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во емисијата „24 анализа“ посочи дека институциите мора да понесат одговорност за пропустите во случаите на семејно и родово базирано насилство. Шукова истакна дека статистиките се загрижувачки и дека само во 2025 година се регистрирани повеќе од пет илјади пријави за насилство, без разлика дали станува збор за физичко или психичко насилство. Таа нагласи дека проблемот е долгогодишен и дека во најновиот трагичен случај, во кој животот го загубија мајка и дете, се отвораат сериозни прашања за постапувањето на институциите..

Законот јасно предвидува проценка на ризик во вакви случаи, која треба да ја прават центрите за социјална работа во соработка со МВР. Но, според достапните информации, иако имало повеќе пријави за насилство во период од неколку месеци, таква процена не била направена“, посочи Шукова.

Шукова потсети дека во конкретниот случај имало околу десет пријави за насилство во период од неколку месеци, што дополнително ја потенцира сериозноста на пропустите.

Таа нагласи дека токму ваквите пропусти отвораат сомнеж дека дел од службениците во надлежните институции не си ја завршиле својата работа.

„Не разговараме за квалитетот на законските решенија, бидејќи законот донесен во 2021 година обезбедува добра основа за заштита од родово базирано насилство. Прашањето е дали законите се применуваат и дали институциите постапуваат навремено“, изјави Шукова.

Таа истакна дека моралната и кривичната одговорност се различни и дека во овој случај се зборува за морална одговорност, која треба да ја понесе министерот за внатрешни работи, Тошковски, додека кривичната треба да ја утврдат надлежните институции. Според Шукова, фактот што се случил ваков трагичен настан укажува дека во центрите за социјална работа и во МВР има службеници кои не си ја завршиле својата работа.

Шукова посочи дека СДСМ веќе неколку дена по ред преку прес-конференции укажува на потребата од утврдување одговорност во овој случај.

„СДСМ останува на ставот дека мора да има морална одговорност. Токму затоа бараме оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од морални причини, бидејќи институциите мора да покажат одговорност кога станува збор за вакви трагични настани“, истакна Шукова.

 

Next Post

Мицкоски тврди дека ќе реагираат на секое покачување на цената на нафтените деривати

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk