ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не, владата на Мицкоски профитира од народот, обвинува СДСМ

March 11, 2026 13:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не – владата на Мицкоски профитира од народот“, реагираа од СДСМ, обвинувајќи дека Владата не ја намалува цената на горивата и покрај падот на цената на нафтата на светските пазари.

Од партијата прашуваат зошто граѓаните во земјата плаќаат поскапо гориво кога, според нив, цената на нафтата на светските берзи се намалува.

„Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува?“, прашуваат од СДСМ.

„Поскапите горива ќе ги зголемат и цените во маркетите“

Од опозициската партија предупредуваат дека високите цени на горивата ќе имаат влијание и врз цените на другите производи.

„Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, сè ќе поскапи“, се наведува во соопштението.

Според СДСМ, сите земји во регионот вовеле мерки за ограничување на цените на бензините, додека, како што велат, владата на премиерот Христијан Мицкоски не презела такви чекори.

Критики и за начинот на пресметка на цените

Од СДСМ посочуваат и на одлуката на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за промена на начинот на пресметка на цените на горивата.

„Да важеше стариот систем на пресметка, РКЕ денес ќе мораше да ја намали цената на горивата и граѓаните веќе од утре ќе купуваа поевтин бензин и дизел“, тврдат од СДСМ.

Според нивните пресметки, поради оваа одлука граѓаните плаќаат околу три милиони евра повеќе за гориво во период од една недела.

„За Мицкоски и неговата влада сè е бизнис – дури и кога граѓаните плаќаат поскапо секој ден“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

Next Post

Николоски од Вашингтон: САД остануваат стратешки партнер број еден на Македонија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk