ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра за коридорите

March 12, 2026 14:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија“, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски на министерски состанок организиран од Светска банка во Вашингтон, соопшти Министерството за транспорт.

Како што се наведува во соопштението, Владата работи на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестиции во брза железничка линија на Коридор 10, како и на железничко поврзување на Исток преку Коридорот 8. Паралелно, со поддршка на Светска банка се реализираат и проекти за модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија.

Стратешката позиција на Македонија

Николоски во своето обраќање истакна дека Македонија има важна позиција бидејќи низ неа се пресекуваат два паневропски транспортни коридори.

„Имаме среќа што двата паневропски коридори се пресекуваат во нашата земја. Тоа е Коридорот 10 што го поврзува југот на Европа со северот на Европа и тоа е најдолгиот коридор во Европа. Вториот коридор е Коридор 8 што оди од запад кон исток, започнува во Албанија и завршува во пристаништето Одеса во Украина и сега се смета за втор најважен безбедносен коридор за НАТО“, изјави Николоски.

Тој додаде дека развојот на овие инфраструктурни правци создава нови економски можности.

„Имаме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра што го реализираме на двата коридори, што потоа отвора нови можности за развој на бизнисот покрај нив“, рече Николоски.

Брза пруга и инфраструктурни проекти

Во своето обраќање, Николоски ги посочи и проектите што моментално се реализираат во државата.

„Со нашите партнери и пријатели од Обединетото Кралство работиме на изградба на брза пруга која треба да оперира до 200 км на час за патнички сообраќај и 120 км на час за транспорт. Потпишавме договор со нашите бугарски соседи за заедничко железничко поврзување на Коридорот 8 и го развиваме овој коридор со финансиска поддршка од ЕУ и неколку банки“, изјави тој.

Дополнително, Владата соработува со Светска банка и на проекти за локална инфраструктура и модернизација на граничните премини.

„Со Светска банка тесно соработуваме на проектот за локални патишта каде во секоја општина градиме локални патишта. Работиме и на модернизација на најголемиот граничен премин со Албанија, потоа и на најголемиот граничен премин со Бугарија на Коридор 8“, додаде Николоски.

Поврзување со Турција и Блискиот Исток

Николоски посочи дека се работи и на проект за поврзување на Коридорот 10 со Коридорот 4 во Бугарија, што треба да овозможи подобра транспортна врска на Македонија со Турција и Блискиот Исток.

Во обраќањето, тој се заблагодари за поддршката од Светска банка, како во делот на финансирањето така и во делот на експертската поддршка за реализација на инфраструктурните проекти.

Next Post

Првата порака на новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи отвори големо прашање: Кој навистина ја води земјата?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk