Ракетата за мисијата Артемис II е во завршна фаза на подготовка за лансирање, кое се очекува за неколку часа, покажуваат најновите податоци објавени од NASA.
Според официјалната графика, главниот степен на ракетата (Core Stage) е целосно наполнет со криогено гориво, вклучително и течен кислород и течен водород – клучни компоненти за полетување.

Горниот степен се донаполнува
Кај горниот степен, познат како Interim Cryogenic Propulsion Stage (ICPS), течниот водород е веќе на 100%, додека течниот кислород е наполнет околу 92% и процесот на дополнување сè уште е во тек.
Ова е стандардна процедура пред лансирање, бидејќи криогените горива се одржуваат на екстремно ниски температури и постојано се дополнуваат поради испарување.
Завршни подготовки пред историски лет
Мисијата Артемис II ќе биде првиот лет со екипаж во рамки на програмата Artemis и претставува клучен чекор кон враќање на луѓето на Месечината.
Со оглед на тоа што ракетата е речиси целосно наполнета, NASA влегува во финалните часови од подготовките, при што сите системи внимателно се следат пред одбројувањето за полетување.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…
Одбројувањето започна: Сè што знаеме за Артемис II – мисијата на НАСА до месечината





































































































