Секој од американските авиони користени во специјалната спасувачка мисија во Иран, кои подоцна беа уништени, чинел повеќе од 100 милиони долари, пренесува „Wall Street Journal“, повикувајќи се на официјални податоци од американската војска. Станува збор за два авиони од типот MC-130J, кои беа распоредени во високоризичната операција за извлекување на преостанатиот член на екипажот на соборениот ловец F-15E. Овие летала, според Командата за специјални операции на американското воено воздухопловство, се дизајнирани за тајно уфрлување и извлекување трупи во непријателско опкружување, опремени се со напредни одбранбени системи и сензори за потиснување на противвоздушната одбрана, а поседуваат и способност за полнење гориво во воздух.
Иако американските власти потврдија дека самите ги уништиле двата сопствени авиони за време на мисијата, тие не споделија детали за околностите под кои леталата биле изгубени.
Од друга страна, иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) во неделата излезе со соопштение во кое тврди дека нивните сили уништиле „непријателски летечки објекти“ кои навлегле во централните делови на земјата при, како што го опишуваат, неуспешен обид за спасување. Иранските власти објавија и снимки на кои наводно се гледаат остатоци од најмалку еден авион, а претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Калибаф, упати иронична порака на социјалните мрежи, велејќи дека доколку САД остварат уште неколку вакви „победи“, ќе бидат целосно уништени.
Photos show the charred remains of 2 U.S. Air Force C-130 Hercules at the site of a temporary forward operations base in Southern Iran that was utilized during last night’s operation by U.S. Special Forces, with the aircraft being destroyed to prevent their falling into enemy… pic.twitter.com/A6JQX40AxL
— OSINTdefender (@sentdefender) April 5, 2026
Иранската страна дополнително тврди дека во операцијата биле уништени и други летала, вклучувајќи хеликоптери и транспортен авион, но овие наводи сè уште не се независно потврдени.
Драматична ноќна мисија: Американски специјалци го спасија соборениот офицер од територијата на Иран
Специјалната операција во саботата успешно заврши со спасување на вториот член на екипажот на F-15, со што се заокружи напнатата 36-часовна драма на југозападот на Иран. Во текот на овој период, американските сили и иранската Револуционерна гарда водеа трка со времето за тоа кој прв ќе стигне до исчезнатиот американски офицер.
Редакција Фронтлајн







