ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза, а Балканот е идеално место за тоа

April 10, 2026 09:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Драмата како жанр се занимава со криза и конфликт, а Балканот отсекогаш е такво место, истакна познатиот драмски писател Дејан Дуковски на разговорот одржан на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје. Настанот беше организиран во чест на Дуковски како „Автор во фокус“ на претстојното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Проф. д-р Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот, посочи дека европскиот тренд на постмодерната драма, познат како „In-yer-face theatre“, всушност започнал токму од Скопје преку текстовите на Дуковски, пред воопшто да се појави во Англија кај Сара Кејн. Таа нагласи дека во неговите драми Балканот игра улога на посебен лик, кој служи како дијагноза и коментар на општеството.

Во текот на разговорот, Дуковски се присети на своите почетоци во класата на Горан Стефановски, нагласувајќи ја важноста на менторството и соработката со актерите уште од студентските денови. Тој објасни дека за него театарот е „природен терен“ каде што авторот има поголема слобода во споредба со филмската индустрија. Писателот се осврна и на неговите култни дела како „Буре барут“ и „Маме му е… кој прв почна“, објаснувајќи дека тие настанале како коментар на времето на засилен национализам, но со цел да ја прикажат бесмисленоста на насилството.

На средбата беше отворено и прашањето за кризата во создавањето на нови македонски драмски автори. Стојаноска забележа дека денес недостига практиката од 90-тите години кога соработката меѓу режисерите и авторите почнувала уште на факултет. Дуковски додаде дека театрите треба да имаат поголема отвореност и одговорност кон младите автори, но и дека факултетот мора да ги подигне критериумите за квалитет.

На крајот, Дуковски информираше дека неговиот најнов текст „Црно злато“, кој неодамна имаше премиера во Белград во режија на Оливер Фрљиќ, годинава ќе биде поставен и на сцената на МНТ во режија на Слободан Унковски. До студентите упати совет дека пишувањето бара многу работа и дека клучот е во тоа никогаш да не се откажуваат.

 

Next Post

Исклучителна програма за јубилејното 25. издание на ОФФест

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk