Првата дама Меланија Трамп упати директно обраќање до јавноста од Белата куќа со цел да ги демантира шпекулациите кои ја поврзуваат со контроверзниот покоен финансиер Џефри Епстајн. Иако не посочи конкретни обвинувања, таа нагласи дека лагите што ја поврзуваат со срамниот Епстајн мора да завршат веднаш. Во своето шестминутно излагање, Трамп изјави дека не е жртва на Епстајн и дека тој не ја запознал со нејзиниот сопруг, Доналд Трамп. Таа појасни дека никогаш не биле пријатели, туку само повремено се среќавале во социјалните кругови во Њујорк и Флорида. Првата дама се осврна и на протечената кореспонденција со соработничката на Епстајн, Гилејн Максвел, нарекувајќи ја тривијална и само обична комуникација, пишува CNN.
Обраќањето предизвика низа реакции во Вашингтон, при што демократите во Конгресот веќе побараа Меланија Трамп да сведочи под заклетва пред надзорната комисија за да ги потврди своите наводи. Од друга страна, група преживеани жртви на Епстајн ја обвинија првата дама дека се обидува да ја префрли одговорноста од федералните агенции врз самите жртви во време кога администрацијата на Трамп сè уште не го почитува целосно Законот за транспарентност на досиејата на Епстајн. Првата дама исто така порача дека секоја жена треба да има можност јавно да ја каже својата приказна и тоа сведочење трајно да се внесе во Конгресниот запис.







