ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пруга до скопскиот аеродром постоела до 1980 година, на трасата денеска има само отпад

Откако пругата престанала да се користи, колосекот што водел кон аеродромот бил демонтиран. Патнички железнички сообраќај до аеродромот никогаш не бил организиран по оваа пруга.

October 17, 2019 14:38
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА

Скопскиот аеродром имал директна железничка врска до пругата Скопје – Куманово сѐ до 1980 година, кога престанала да функционира. Воeниот аеродром „Петровец“ преку оваа пруга се снабдувал со керозин за авионите, но по 1980 година во станицата Миладиновци бил изграден воен колосек и цевковод за пренесување на горивото до цистерните на аеродромот, ги потврдуваат за „Мета.мк“ овие информации од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Откако пругата престанала да се користи, колосекот што водел кон аеродромот бил демонтиран. Патнички железнички сообраќај до аеродромот никогаш не бил организиран по оваа пруга.

Од јавното претпријатие за железничка инфраструктура велат дека по трасата на некогашната пруга до аеродромот денеска се расфрлани отпадни материјали од новоизградените објекти во населбата Илинден.

Поранешното железничко поврзување со скопскиот аеродром се наоѓало помеѓу станиците Миладиновци и Илинден. Од ЈП за железничка инфраструктура тврдат дека постои подобро решение за изградба на идното железничко поврзување на Меѓународниот аеродром Скопје, со појдовна точка од станицата Илинден и должина на идната пруга од околу 6,5 километри.

Според националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година, за воведување на директна железничка линија од Скопје до аеродромот ќе бидат потребни 30 милиони евра. Проектната документација и физибилити студијата за реализација на проектот за аеродромски воз треба допрва да се изработат, за што владата ќе побара финансии од странство.

Извор: Мета.мк

Next Post

Скопјанец обвинет затоа што во домот чувал муниција

НАЈНОВО

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Cелосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk