ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

April 29, 2026 12:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Јуроп хаус во Битола се одржа настанот „Кафе со амбасадори“, чија цел е поттикнување отворен и суштински дијалог помеѓу амбасадорите од земјите членки на Европската Унија и граѓаните на тема човекови права, култура, различност и идентитет. На средбата учествуваа австрискиот амбасадор Мартин Памер и заменик-шефицата на мисијата на Полска, Ана Каспржак, кои преку своите искуства ја приближија сложеноста на овие општествени прашања до публиката, информираат организаторите.

Во делот посветен на човековите права беше нагласено дека членството во Европската Унија значително придонело кон унапредување на видливоста на различните малцински заедници во Австрија и Полска. Австрија е посочена како пример за институционализиран пристап со уставно признаени национални малцинства, додека Полска низ годините поминала низ процес на повторно препознавање и прифаќање на малцинските идентитети. Учесниците истакнаа дека историските патишта на двете земји силно влијаеле врз перцепцијата на националниот и европскиот идентитет, при што кај младите генерации сè почесто се среќава чувство на двојна припадност, што претставува предност во современиот свет.

Дискусијата се осврна и на културата како клучен двигател на европската поврзаност, при што беше потенцирано дека членството во ЕУ овозможува поголема мобилност, видливост и соработка. Австрија успешно балансира помеѓу својата културна традиција и поддршката на алтернативните изрази, додека Полска значително го проширила своето глобално влијание преку инвестиции во културната дипломатија. Говорниците го отворија и прашањето за одливот на мозоци, посочувајќи дека слободата на движење во Унијата, покрај придобивките, носи и предизвици за помалите или економски послаби земји.

Настанот беше заокружен со пораки насочени кон европската иднина на државата, при што беше посочено дека процесот на европска интеграција носи реални придобивки за секојдневниот живот на граѓаните во областите на идентитетот, културата и мобилноста. Ваквите иницијативи создаваат простор за размена на практични искуства од земјите членки на Унијата, со цел градење напредок кој се темели на соработка, стабилност и размена на знаења.

Next Post

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk