ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Звукот на привикнувањето

Ова не е неуспех. Ова Е системот.

May 4, 2026 16:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Ова е процес на (повторно) заробување. Веќе не станува збор за идеолошки или – да бидеме посовремени – судир на вредносни системи, бидејќи идеологијата и вредносните системи исчезнаа од општествениот, јавниот и политичкиот дискурс. Не гледаме ниту судир на визии за иднината: погледот на општеството е закован во ретровизор – вкочането гледање во минатото, поточно во неговите илузии и лаги.

Дали пишувам за земја во јужниот дел на Западен Балкан, во Југоисточна Европа, наречена Северна Македонија? Публиката распрсната низ сите меридијани ќе препознае многу сличности насекаде. Но да – ова е текст најмногу поттикнат од македонските прилики и неприлики.

Земјава одамна ја помина границата на тоа што може да се нарече политика.

Во еден организам се споени политичките кланови на власта, олигарсите, елитниот криминал и инсталациите на авторитарната оска однадвор. Тоа не е политика. Тоа е организам чија функција е да го задуши општеството, а државата ја искористи како фабрика за правење пари.

Дебатата, главна одлика на демократското живеење, е сведена на вештачки спектакл со галерија од исти ликови што ротираат низ студијата на мејнстрим медиумите. Нема веќе ни владеење, туку само дневно менаџирање и евтин, а скапо платен пи-ар. Парламентот одамна ја изгуби (ако воопшто некогаш успеал да ја стекне) функцијата на претставување. Изборниот процес е театар. А по изборите – настапува окупација.

Зад бучавата, навредите и фабрикуваниот гнев, постои систем. Систем во кој корупцијата не е исклучок, туку правило. Во кој криминалните мрежи не се кријат во сенка, туку седат удобно на масата со власта — или се самата власт. Во кој влијанијата на авторитарните центри на моќ не се одбиваат, туку се пречекуваат со широко отворени раце, затоа што се препознаваат како „наши“.

Така се празни суштината на една држава одвнатре. Не со тенкови, туку со договори зад кулисите. Не со отворено насилство и репресија, туку со цинична насмевка на бирократскиот апаратус, а пресметката со тие што се погласни се спроведува преку судско-полициски прогон и медиумски линч. Така се стигнува до општество без разговор и без дебата. Општество обележано со длабок молк. Со лојалност кон профит, неказнивост и контрола.

И за сето тоа ќе кажат дека е нормално. Дека „сите го прават тоа“. И дека „не постои алтернатива“. Не се плашат ни од разобличување. Лесно го контролираат – преку окупација на медиумите, судството и финансискиот сектор.

Успешно ги маргинализираат сите што ги именуваат нештата со нивните вистински имиња. Фактите ги замаглуваат, а наместо нив воведуваат систем што се потпира на лаги. Ако не успеат да ги задушат фактите и вистината, внесуваат конфузија и страв.

Некој, можеби во Брисел, ќе рече дека ова е неуспех на системот. Не, тоа не е точно.

Ова Е системот.

Општеството е во трка со времето. Се приближува кон точката од која нема враќање. Или ќе останеме хибернирани во лагите – под седативите на митовите за гордост, нација, историја и измислени непријатели – или овој систем ќе биде именуван и демонтиран. Без илузии. Без еуфемизми. Без компромис.

Но може сѐ да остане како што е. Чкртањето со заби не мора секогаш да значи револт. Може да биде и звукот што го произведува кравата додека пасе трева. Звукот на привикнувањето.

Времето на молкот истекува во многу општества низ светот. Следното поглавје ќе го пишуваат оние што ќе одбијат да се прилагодат. Дали новото поглавје ќе се испише и во оваа земја, зависи од тоа колкумина ќе одбијат да живеат на колена и ќе се исправат на двете нозе.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


 

Најново

Звукот на привикнувањето

May 4, 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk