Основниот кривичен суд Скопје го осуди Стојанче Јовановски на единствена казна затвор од 12 години за насилството и смртта на Ивана и Катја. Иако обвинетиот во текот на судскиот процес негираше дека трагедијата е последица на неговите постапки, Судот ги прифати обвиненијата и изрече максимални казни за трите кривични дела.
За континуирани телесни повреди при семејно насилство, Јовановски доби пет години затвор. За загрозување на сигурноста изречени му се три години, додека за наведување и помагање при самоубиство доби уште пет години.
Иако математичкиот збир на овие поединечни казни изнесува 13 години, според правилата за одмерување казна при повеќе кривични дела, пресудата мора да биде споена. Од Кривичниот суд појаснуваат дека законски, крајната казна мора да биде поголема од највисоката поединечна казна, но не смее да го достигне нивниот вкупен збир, поради што е утврдена конечната затворска казна од 12 години.






