ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

May 14, 2026 21:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

По бруталното убиство на 31-годишната жена во Битола, која утринава беше усмртена со нож од нејзиниот сопруг, граѓанските организации преку заедничко соопштение најостро го осудија новиот фемицид. Тие алармираат дека институционалната заштита е недоволна и дека државата станува сè поопасно место за живеење за жените.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација посочуваат дека ова не е изолиран случај, туку загрижувачки континуитет на насилство во 2026 година.

„И покрај постојаните измени на закони, стратегии и политики, во практика нема суштинско подобрување во заштитата на жртвите. Наместо ефикасна превенција, брза реакција и координирана институционална заштита, повторно сведочиме на загубени животи. Ова е последица на слаба проценка на ризик, бавни институционални реакции и култура на неказнивост“, се наведува во заедничката реакција на организациите.

Невладиниот сектор бара итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, со посебен фокус на тоа дали претходно имало пријави за насилство. Доколку се утврдат системски пропусти, тие инсистираат на индивидуална одговорност и санкции за секое службено лице што не постапило согласно законските обврски.

Во соопштението се изразува и сериозна загриженост за порастот на врсничкото насилство во училиштата, вклучително и нападите со ладно оружје кои завршија со ученици во критична состојба, оценувајќи дека насилството во државата прераснува во сериозна општествена епидемија.

Како итно решение, организациите бараат финансиски инвестиции во специјализирани сервиси за жртви низ целата држава, како и зголемување на професионалните ресурси во МВР и центрите за социјална работа. Покрај тоа, се бараат сериозни инвестиции во образованието и превентивни програми за младите.

„Животот на жените и децата не смее да завршува како статистика поради институционално непостапување и системски пропусти“, децидни се од граѓанскиот сектор.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис за 15 мај 2026: Фаза на врвна хармонија и егзалтација

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk