Многу битен факт којшто не смееме да го запоставиме во делот на креирањето на сликата за тоа дали добро се наплатени даночните приходи, или не, е тоа што ние од денот на воведувањето на вонредната состојба како институција, не спроведуваме мерки на присилна наплата, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска во Вин вин на ТВ Телма.
Лукаревска истакна дека целта е да се излезе во пресрет во ова тешко време за компаниите и дека УЈП не спроведува мерки како заплена на имот, со блокирање на сметки, со доставување на опомени, објавување на листа на должници и слично.
Не треба да се заборави фактот дека и државата, односно институциите кои што ги правеле овие уредби многу претпазливо ги гледале сите оние аспекти за да не наштетат уште повеќе на функционирањето на овие компании односно да бараат начин како да им олеснат, посочи Лукаревска.
Не смее да заборавиме дека сепак во едно ваквко кризно време ако навремено ги менаџираме даночните обврски дека заеднички многу пооптимистички ќе ја гледаме целата слика не само од економски аспект, буквално од секаков аспект, потенцира директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телма.