ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото

May 25, 2026 10:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим., во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува траен духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет.

„Нашата земја е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото“, порача Љутков, нагласувајќи дека македонското духовно и културно наследство продолжува да живее преку јазикот, уметноста и традицијата.

Тој посочи дека Рим, како град во кој се вкрстуваат цивилизации и духовни традиции, претставува симболично место за оддавање почит на сесловенските просветители, чие дело и денес обединува народи преку вредностите на словото, верата и културата.

Осврнувајќи се на значењето на уметноста, Љутков ја истакна моќта на музиката како универзален јазик што ги надминува границите и ги поврзува луѓето преку емоција и духовност. Според него, ансамблот „Консонанс“ преку својот настап испрати силна порака за културниот континуитет и богатството на македонската традиција.

Чествувањето на Св. Кирил во Рим државно-црковната делегација, предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, го започна со аудиенција кај папата Лав XIV, како и со средба со кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Во рамки на програмата, во базиликата „Сан Клементе“ беше одржан молебен на гробот на Св. Кирил, а делегацијата ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“, каде што беше положен венец на спомен-плочата испишана на македонски јазик.

Next Post

Ивановски: Делницата од Зелениково до Железничка станица Скопје ќе биде во функција од септември

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk