ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026 15:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Јубилејното 25. издание на реномираниот музички фестивал ОФФест својата завршна вечер ќе ја зачини со уште еден автентичен, моќен и револуционерен африкански звук. На 6 јуни, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 23:00 часот, македонската публика на завршната вечер на фестивалот ќе има прилика да го проследи настапот на танзанискиот состав „Zawose Queens“.

Групата, која пред скопската јавност ќе се претстави во состав: Пендо Завосе (вокал, перкусии), Леа Завосе (вокал, перкусии), Бен Браун (тапани, придружен вокал) и Тал Џејнс (гитара, бас, придружен вокал), ја продолжува долгата традиција на флуидни полиритми и занесно полифоно пеење на народот Гого (познат и како Вагого) од регионот Додома во централна Танзанија. Како директни потомци на големиот Хукве Завосе, Леа и Пендо биле опкружени со музика во текот на целиот свој живот.

Она што го прави овој состав посебен е нивната храброст да ги преиспитаат и урнат традиционалните табуа. Имено, кај народот Вагого на жените традиционално им било дозволено да пеат само придружни хармонии и да свират на мал тапан наречен „мухеме“, но овие две уметнички одлучиле да го предизвикаат тој обичај. Нивното поврзување со британските продуценти Оли Бартон Вуд и Том Ексел во Танзанија во 2019 година, резултираше со објавување на нивниот импресивен деби-албум „Maisha“ во 2024 година, со кој официјално се најавува една сосем нова ера.

Албумот „Maisha“ ги претставува „Zawose Queens“ на моќен, инвентивен и целосно ослободен танцувачки начин. Нивната фузија спојува органски хармонии и електронски елементи, преку кои тие длабоко се поврзуваат со природата, церемонијата и ритуалот. По успешните настапи на светски познатите сцени и фестивали како Glastonbury, Womad, Sauti Za Busara и Womex, „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест ќе ги донесат своите источноафрикански корени збогатени со суптилни електронски елементи, модерни битови и карактеристични „дропови“.

Редакција Фронтлајн

Tags: Zawose Queensафриканска музикаВагого традицијаконцерти СкопјеМКЦ СкопјеОФФест 2026ТанзанијаХукве Завосе
Next Post

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

Shortcut

Најново

Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk