Владата експресно ја одби иницијативата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за ЕУ. Преку соопштение од Генералниот секретаријат, од Владата порачаа дека нема потреба да се трошат време и пари на граѓаните, нагласувајќи дека членството во Унијата останува нивна стратешка цел која веќе се реализира во пракса.
Како клучни докази за сопствената европска агенда, извршната власт ги посочи последните одлуки кои доаѓаат од Брисел.
„Укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада“, се наведува во владиното соопштение.
Истовремено, од Илинденска број 2 упатија остри критики до опозициската партија, потсетувајќи на претходните изјаснувања на граѓаните и обвинувајќи ги дека со ваквите иницијативи повторно нудат референдум без реални гаранции за европската иднина.
Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да ја земат судбината во свои раце
„А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019-та година. Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет“, реагираат од Секторот за односи со јавноста на Владата.








































































































