ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

Изложба, претстава, награди за животно дело вечерва на отворање на 60. „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

June 5, 2026 10:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Изложбата е поддржана од „Витаминка“ – Прилеп во рамки на заедничката прослава „70-60-50“  (70 години „Витаминка“, 60 години МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и 50 години заедничка соработка). Патеката ќе започне од Театарот „Војдан Чернодрински“, ќе продолжи кон Музејот на икони, Градскиот саат, Реклами, и ќе заврши во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

-Сакаме да им оддадеме почит на тој начин што ќе ги споменеме заедно со сите фотографии, постери, документи, предмети кои ќе го осведочат времето што поминало, но и ќе направат одличен простор за времето што ќе дојде. Изложбата има и перформативен дел – студентите од ФДУ под менторство на режисерката Шенај Мандак играат перформанс на драмите од Дејан Дуковски. Патот на фестивалот е симболична патека на која преку нарација и аудиовизуелен контакт ќе може да ја следиме историјата на фестивалот и да ја видиме секоја значајна меморабилија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Свеченоста ќе продолжи во големата сала на Центарот, во 20 часот. Честа прв да настапи ќе ја има ансамблот на Драмскиот театар, со претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, од официјалната програма на фестивалот. На претставата ќе и претходни проекција на документарен филм посветен на фестивалот. На присутните ќе им се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е покровител на фестивалот, а за отворен ќе го прогласи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Ќе се обрати Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот. Пред изведбата на претставата, ќе бидат врачени наградите на лауреатите на наградите за животно дело на Атила Клинче, Сашо Миленковски, Веби Ќерими и Љубомир Чадиковски.

Вкупно 13 претстави ќе бидат изведена на јубилејното издание кое ќе трае до 12 јуни – девет во официјална и четири во придружна програма. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Храбриот нов театар“ и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“. На затворањето ќе настапи Београдско народно позориште, со претставата „Црно злато“ Оливер Фрлјиќ, по текст на Дејан Дуковски, Авторот во фокус на фестивалот годинава.

Претстави во официјалната селекција се:
„Амадеус“ од Петер Шефер во режија на Андреј Цветановски, продукција на Турски театар – Скопје.
„Едмонд“ од Дејвид Мамет, во режија на Оливер Мицевски, продукција на Народен театар – Битола
„Калигула“ од Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Народен театар – Куманово
„Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Драмски театар – Скопје.
„Носорози“ од Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, продукција на Албански театар – Скопје
„Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар – Штип
„Страв и надеж“ по мотивите на Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје
„Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
„Челинџ“, автор и режија Јане Спасиќ, Театар за деца и младинци – Скопје

Во придружна програма се избрани претставите (подредени по азбучен ред на насловот на претставата):

„Вилицата на Ибен Бајерс“ од Филип Грујиќ во режија на Борис Василевски, продукција на „Штрих“ – Скопје
„Драга Јелена Сергеевна“ од Људмила Разумовскаја, во режија на Шенај Мандак, копродукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје и Македонскиот народен театар – Скопје
„Невиност“ од Деа Лоер, дипломска претстава на класата по актерска игра, под менторство на проф. м-р Зоја Бузалковска и вонр. проф. м-р Александар Степанулески
„Сина сенка“ од Брајан Рејнолдс, во режија на Тамара Стојаноска, театар „Златен елец“

За наградите на фестивалот ќе одлучува жирито во состав: Снежана Конески-Руси, актерка, режисерка, Дарко Лукиќ, театролог, независен театарски научник и автор од Хрватска и Аида Буквиќ, наградувана театарска и филмска режисерка од Хрватска.

В недела, од 18 часот ќе се одржи настан посветен на Дејан Дуковски. Ќе биде отворена изложба со постери од претстави создадени според негови драмски текстови, ќе бидат промовирани две нови книги со драми на Дуковски, го издание на „Арс Ламина“. За нив ќе зборуваат Оливера Ќорвезироска, приредувач на книгата и Ана Стојаноска, автор на предговорот. Ќе следува и разговор со Дуковски. И годинава ќе биде организиран Музеј во движење со фокус на творештвото на актерите Благој Ивчески, Лидија Иваноска и Трајче Иваноски.

Фестивалот и годинава ќе им даде простор за креација на децата во омилената за нив Детската зона, студентите на ФДУ ќе учествуваат во улични театарски перформанси, ќе бидат организирани промоции.

Покровители на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп се: Претседател на РС Македонија, Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Прилеп. Спонзори се: Комфи Ангел, Прилепска пиварница, Витаминка, Пакомак, продукциски партнери – Микросам, Кули, поддржувачи: Комерцијална банка, Стопанска банка, МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Официјална вода на фестивалот е „Ладна“ (Магрони ДОО, Скопје). Соработници: Јавен Простор Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Градска библиотека „Борка Талески“, Умно.мк, Урбан Ера, Стопанска комора на Северна Македонија – Прилеп, Биткрафт.

Пријатели на фестивалот: Смарт Ливинг, Складиште, Кафе-книжарница Долапче, Аrt Café – Aporea, Веган и Вегетаријански Ресторан/Бар АУРА, Клуб Калинка, Кафе-бар Тротоар, Кафе-бар Чоше, Кафе-галерија Лувр, Бар/ресторан/клуб Брос бургер, Гастробар Монарка, ONE BITE бургери, Ресторан Кај Џоки, Пекара Алекс, Пекара Калимеро, Ресторан „Македонска куќа Лаки“, My Moon Cafe, Клуб Дипломатик.

Медиумски покровители: МТВ, Телма, МИА, Фронтлајн.мк, Слободен печат, Портрет, Трн.мк, Култура 24, Нова Македонија, Cultural Chat, ОРО Радио, Екран, Вечер, Радио Холидеј, Jazz FM, Okno.mk, Независен, Лице в лице, Република, Инфо компас, Е-Магазин, Канал 77, Музика 24, Радио Пела, Маркукуле, Текст.мк, Сакам да кажам, ОТВ.мк, Зенит, Публикум и др.

Tags: МТФ „Војдан Чернодрински”ПрилепТеатар
Next Post
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

Shortcut

Најново

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk