ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

June 12, 2026 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Мисајловски истакна дека изминатите две години на Академијата се реализирани значајни проекти кои се инвестиција во идните генерации офицери и дека во идниот период ќе се продолжи со инвестирање во современо образование, преку реновирање на објекти, изградба на Воен музеј и воспоставување на лабораторија за напредни информациски технологии.

“Повеќе од јасно е дека денес безбедноста не се брани само на терен. Таа се брани и во сајбер-просторот, во сферата на информациите, преку научните истражувања, технолошките иновации и меѓународната соработка. Токму затоа во финална фаза е акредитирањето на новата студиска програма за сајбер-безбедност и дигитална форензика, како и реакредитацијата на постојните студиски програми за командно-штабна академија, безбедност и одбрана, сајбер-безбедност и кризен менаџмент“, потенцира министерот. Тој додаде дека Воената Академија е препознаена и надвор од границите на државата, и дека знаењето создадено на Академијата е почитувано во рамките на НАТО и меѓународната академска заедница.

Деканот на Воената Академија, полковник Ненад Танески подвлече дека Воената академија, преставува единствена високообразовна научна институција, која во својата организациска и функционална поставеност зазема посебно место во националниот образовен и одбранбен систем. Тој посочи дека Академијата активно работи на унапредување на военото образование и на реализација на повеќе значајни развојни проекти, за кои има силната поддршката од министерството и министерот Мисајловски.

„Воената академија има света мисија — да создава кадар кој ќе ја чува безбедноста, суверенитетот и угледот на Македонија, но и достоинствено ќе ги брани нејзиниот јазик, идентитет и историска вистина. Наша обврска е да изградиме силни институции, образовани и чесни генерации и држава која ќе биде почитувана. А тоа започнува токму тука — со знаењето, дисциплината и патриотизмот што се вградуваат во секој питомец и студент на Воената академија “- порача полковникот Танески.

На денешната свеченост присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменикот министер Адмир Шабани, гости од воено дипломатскиот кор, од Армијата и Министерството за одбрана.

Next Post

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk