ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, граѓаните да бидат спокојни имаме три милијарди евра девизни резерви

Како што со години наназад е стабилен, така и отсега натаму, денарот ќе биде стабилен. Потврда за тоа се и инструментите коишто централната банка ги има на располагање доколку е потребно да се употребат во функција на задржување на стабилноста на денарот. Еден од клучните инструменти, секако е високото ниво на девизните резерви од околу три милијарди евра, што и самото по себе е гаранција за стабилноста на домашната валута, рече гувернерката Ангеловска-Бежоска

April 17, 2020 10:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Клучно е здравствената корона-криза, во глобални рамки да стивне до средината на годината, за потоа да се олабават мерките за заштита на здравјето и економијата постепено да се враќа во нормала. Мошне е важно шокот предизвикан од појавата на коронавирусот да трае што пократко за да нема поголеми негативни ефекти врз билансите и на фирмите и на финансискиот сектор. Веќе следната година, според проекциите на ММФ се очекува забрзан раст на глобалната економија од околу 5,7 проценти, како и забрзување и опоравување и на македонската економија.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Гласот на Америка, по повод учеството на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат електронски, соопшти Народната банка.

– Шокот од пандемијата, годинава ќе се одрази со пад на активноста на сите економии. Но притоа, според очекувањата на ММФ, кај економиите во развој и брзорастечките економии меѓу коишто е и нашата, падот ќе биде помал во споредба со оној кај развиените економии, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуто, гувернерката се осврнала и на добиената финансиска поддршка од ММФ, преку Инструментот за брзо финансирање, при што кажа дека таа ќе придонесе и за зголемување на девизните резерви.

-Добиената финансиска поддршка од ММФ претставува и потврда за здравоста на фундаментите на нашата економија. Таа е и помошна алатка за добивање други типови финансиска помош, вклучително и преку инструменти на Европската Унија, посочи гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочи дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека не треба да постои никаква загриженост за домашната валута.

-Како што со години наназад е стабилен, така и отсега натаму, денарот ќе биде стабилен. Потврда за тоа се и инструментите коишто централната банка ги има на располагање доколку е потребно да се употребат во функција на задржување на стабилноста на денарот. Еден од клучните инструменти, секако е високото ниво на девизните резерви од околу три милијарди евра, што и самото по себе е гаранција за стабилноста на домашната валута, рече гувернерката Ангеловска-Бежоска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

Не е сѐ политика: Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

May 13, 2025

Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk