ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Два јубилеи и една дијагноза

Јубилеите откриваат целосно отсуство на државнички однос и опасна политика на исклучување. Мировниот договор се третира како товар, а независноста се слави со моноетнички наративи. Политичките елити свесно ги сечат корените на државата.

August 15, 2026 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Одбележувањето на двата јубилеи, 35 години независност и 25 години Охридски рамковен договор, иако различни по својата природа, меѓусебно се допираат во горчливото сознание дека без суштинска доверба, идејата за независна држава, стабилност, мир и општествена кохезија, лесно може да бидат разнишани. Од внатре.

Кога 35-годишнината од независноста се слави преку ексклузивен наратив од кој се исклучени етничките заедници и главните општествено политички настани и процеси, па дури и владините партнери, се упатува порака дека нешто многу сериозно не е в ред со таа држава. Кога и по 25 години од Охридскиот договор сè уште се злоупотребуваат и се негираат основните придобивки од тој документ (историски за оваа земја) и кога треба одново и одново да се објаснува зошто е склучен и зошто е дел од политичкиот систем, се стекнува впечаток дека ова е држава неспособна да ја дефинира својата суштина и својата иднина.

Тие што не гледаат дека се работи за два столба на државата (сувереност и внатрешна мултиетничка кохезија) и дека треба да се третираат како неразделни елементи на една модерна и стабилна република – или не живеат во реалноста, или сакаат таа реалност да ја променат, макар и по цена на дестабилизација, па и крвопролевање.

Треба ли да се објаснува ова?

35 години независност

Примерот со промотивниот спот на Владата на Мицкоски за 35-годишнината од независноста е важен, не само поради она што го прикажува, туку многу повеќе поради она што намерно го изоставува. Строго моноетничкиот наратив, во кој нема етнички заедници (делови од народ – уставна категорија), а ниту збор и за стратешките државни успеси, го отвора прашањето за капацитетот на државата и институциите, односно власта, да градат инклузивна меморија.

Реакцијата на албанските политички партии, конкретно на владината коалиција ВЛЕН, додаде дополнителна тежина на овој проблем. Нивното објаснување дека воопшто не го виделе спотот пред неговото објавување и дека не биле информирани за неговата подготовка, не претставува политичко оправдување. Напротив, тоа е најдиректен доказ за политиката на исклучување која ја спроведува водечката владина партија ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека државниот наратив се крои во еден тесен круг, додека партнерите во власта се сведени на ниво на неинформирани набљудувачи. Овој пристап ја маргинализира политичката улога на политичките претставници на албанската заедница во владата и испраќа порака дека концептот на заедничко владеење во пракса се сведува на формалност во која еден ентитет е стопанот, а сите други се фигуринки во витрината на вистинските властодршци.

25 години Охридски договор

Паралелно со дебатата за независноста, одбележувањето на четвртина век од Охридскиот договор бара подеднакво внимание. Како што прецизно се нотира еден мал дел од граѓанскиот и медиумскиот сектор, очигледна е праксата на тешки злоупотреби и манипулација со овој документ.

Охридскиот договор не е, и никогаш не бил, прашање на ексклузивни права. Суштинските поенти кои мора да се разберат и при овој јубилеј се дека тој е гарант за внатрешната стабилност и кохезија, а не алатка за добивање привилегии. Тоа е фундамент на политичкиот систем, врз кој почива внатрешната стабилност и безбедност на државата. Дури 25 години по неговото потпишување, овој став сѐ уште отсуствува од општествениот и политичкиот мејнстрим.

Наспроти тоа, земјата е подложена на децениска пропаганда дека Рамковниот договор значи „привилегии за Албанците“. Тоа е конструирана и исклучително опасна политичка и пропагандна манипулација. Тој наратив е наменет исклучиво за подгревање на меѓуетничка недоверба и собирање евтини политички поени, но и основа за дестабилизација и сегрегација. Истовремено, оваа пракса е јасен показател за целосната неспособност и отсуство на политичка волја во институциите и политичките ентитети во земјата.

Најголемиот неуспех во изминатите 25 години е фактот што политиката не успеа да им објасни на граѓаните зошто Охридскиот договор е важен за сите, а не само за една етничка заедница. Договорот континуирано е оспоруван дури и од оние што го потпишаа, што доведе до ситуација на траен дефицит на доверба.

Сечење на сопствените корени

Во овие услови, наивно е да се држат лекции дека овие два јубилеи треба да претставуваат триумф на државничкото созревање. Наместо тоа, време е само да се постави прецизна дијагноза – земјата е во долготрајна и длабока институционална, вредносна, општествена и политичка криза. Со сериозна опасност секој момент да се претвори и во закана по стабилноста на земјата. Игнорирањето на мултиетничката реалност преку ексклузивен државен маркетинг, политики на сегрегација и дискриминација, и континуираната деградација на Охридскиот договор не се обични дневнополитички калкулации, туку се симптоми на опасно политичко слепило.

Држава која својата независност ја слави преку бришење на сопствените граѓани и политичка изолација на сите што се дел од општествено-политичкиот живот, а мировниот договор кој ја одржа во живот самата држава го третира како несакан товар и неправда – тоа е држава што свесно ги сече сопствените корени.

Сувереноста и мултиетничката кохезија не се меѓусебно исклучиви концепти, туку двата единствени услови за опстанок. Денес, патриотизмот се изразува и мери преку етнички и партиски популизам. Едноставно, храброста да се прифати реалноста и да се гледа во иднината – изостанува. Со децении.

 


CIVIL MEDIA


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

 

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk