ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Спасовски: Верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри

Претседателот на Владата во честитката нагласува дека празникот во  себе носи и солидарност и сострадание со другите и дека за да се справиме со овие предизвици и да ги ублажиме последиците неопходни се токму сочувство и солидарност од секој еден од нас.

April 19, 2020 09:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во видео-честитката по повод празникот Христово воскресение – Велигден до припадниците на православната верска заедница и до клирот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,  истакнува дека оваа година еден од најсветлите празници ги минуваме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

-Велигден е празник, кој го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови и со кој ја славиме победата над смртта. Неретко се поставувало прашањето „Зошто Синот Божји дозволил да биде погубен и распнат?“. Но, токму воскресението и победата над смртта е Христовиот одговор на ова прашање како потврда за љубовта кон човекот. Затоа од нас годинава се очекува да ја совладаме нашата себичност, да понесеме саможртва за доброто на сите и овие денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да победи животот и да преминеме во нова иднина, истакнува во честитката премиерот Спасовски.

Претседателот на Владата во честитката нагласува дека празникот во  себе носи и солидарност и сострадание со другите и дека за да се справиме со овие предизвици и да ги ублажиме последиците неопходни се токму сочувство и солидарност од секој еден од нас.

-Велигден е и празник на надежта. Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри. Во овие мигови на искушенија нека Божјиот благослов, преку празникот, ни даде добро здравје и духовна сила. Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома, порачува премиерот Спасовски во честитката по повод Велигден.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk