ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Национализмот – „аморален“ вирус што го инфицира демократското јадро

April 19, 2020 15:30
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Прослава на Илинден, Мечкин Камен, 2018 година

Прослава на Илинден, Мечкин Камен, 2018 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КЛИМЕНТИНА ЃОРЃИОСКА

Национализмот неретко ја менувал картата на Балканот, Европа, светот. Националистичките убедувања биле мотив за расцеп на држави, егзодус, масовни убиства, ерозија на човековите права, одземање на слободата на говорот… Имало периоди кога колективните идентитети на работниците страдале поради доминантниот националистички идентитет, што довело до  војна.

Национализмот – властите го практикувале за остварување на прагматични цели, задоволување на лукративни интереси и задржување на етаблираната општествена структура и моќ.

И денес не сме имуни на неговите интереси, влијанија и моќ. Иако многу пати била поразена, националистичката идеологија сѐ уште е сериозна закана за демократијата, слободата на говорот и човековите права.

Економската криза и политичката нестабилност заедно, создаваат плодна почва за националистичкото семе, кое чека само „подобра“ констелација за да израсне и се етаблира како доминантна идеолошка матрица со ретроградно влијание и моќ.

Во периоди на економска криза (чии последици и ние како држава наскоро ќе почнеме да ги чувствуваме), која продуцира масовни отпуштања од работа, зголемена компетитивност меѓу работниците, предимензионирана моќ на сопствениците на капиталот да одлучуваат за нивната работна судбина, расте бројот на потенцијални бездомници, огледан во семејствата кои што егзистираат само од месечниот приход. Расте презадолженоста на граѓаните во банките како рефлексија на нехуманата димензија на овие финансиски институции, мотивирани исклучиво од интерес. Ваквите општествено економски односи генерираат уште поголема алиенација на човекот од производот на неговиот труд.

Од друга страна актуелниот политички миг е означен со техничка Влада и вонредна состојба, како последица на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Но, во државата и без тоа е прекомплексна политичка сцена. Стравот од пандемијата е само продолжение на неизвесноста од исходот на прекинатите, предвремени парламентарни избори. Практиката на предвремени парламентарни во Македонија, пак е перманентна потврда дека  македонската политичка сцена е речиси постојано во криза.

Политичката криза, стравот од економска рецесија, стравот од Ковид-19, сериозно се рефлектираат врз менталната состојба на граѓанинот.

Затекнат во оваа целосно нова општествена констелација, граѓанинот е исплашен. Неговото расположение флуктуира од страстен партиски апологет до политички резигниран гласач. Одбива со своите одлуки и постапки да ја преземе личната одговорност за исходот од целата криза.

Според теоријата, националистичката идеологија своите корени ги наоѓа токму во човековата психологија, како што вели Ерих Фром (1984) во „Стравот од слободата“.

Впрочем човекот не може да се соочи со стравот да биде одговорен за своите дела, немоќен е да ја преземе личната одговорност за своите одлуки. Избира да биде послушен наместо слободен. Јакнат упориштита на тврдокорните и засолништата на послушните.

На ова упатуваат и лекциите од минатото, дека во време на рецесија е полесно да се изберат инструменти што делуваат на будење на националистичката свест кај граѓанинот, отколку да се имплементираат ефикасни економски политики.

Ерих Хобсбаум тврди дека за време на Првата светска војна, се појавува прашањето на различните идентитети. Тогаш граѓаните исправени пред дилема  на идентитетот, треба да се декларираат како припадници на Интернационалното работничко движење или како граѓани на држава – нација. Овој идентитетски конфликт доведува всушност до почеток на Првата Светска војна, зашто граѓаните избираат да се хранат со големината на своите држави – нации.

„Национализмот беше најсилниот фактор што доведе до војните во 1914 и 1939 година“, потенцира политикологот Ендру Хејвуд.

Во време на „Ковид19“ пандемија националистичките страсти брануваат во светот, а не сме исклучок ниту ние. Социјалните мрежи се ставени во функција на теориите на заговор со националистичка позадина, кои имаат за цел да го заведат граѓанинот. Преку продукција на лажни вести, се хранат националистичките интереси. Консумирајќи ги овие фејк содржини, граѓанинот го губи капацитетот за критичко размислување и расудување. Создавајќи лажна слика за реалноста, дозволува на општествениот пиедестал да доаѓаат аморални „вредности“.

Во актуелниот македонски политички наратив, инклинацијата кон национализмот значи губење на фокусот од реалните проблеми на граѓанинот. Манипулирање со потребата од разумно прифаќање на оваа вонредна ситуација, и понуда на одржливи решенија за егзистенцијалните прашања. Акцентирањето на етно-националистичкиот идентитет во овој контекст само би генерирал, рецидиви лоцирани во неможноста за соживот на доминантните етникуми.

Тоа пак води кон нова, повторна криза… Вака, граѓанинот живее во националистичка рамка, изгубен во лавиринтот на нереалниот општествено-политички и економски контекст. Реалноста станува магичен круг. Тој инструмент на креаторите на национализмот, го спречува граѓанинот да созрее во одговорна, политички активна индивидуа, ослободена од товарот на етничкиот и религиски префикс. Го спречува да стане слободен граѓанин кој е клучниот столб на едно здраво, зрело, морално граѓанско, демократско општество.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk