ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Повеќе од третина од учениците во второ одделение со зголемена телесна тежина или дебелина

Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место

October 18, 2019 09:27
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од третина од децата на возраст од шест до осум години кои одат во второ одделение во државава имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Од нив поголемиот број живеат надвор од Скопскиот регион. Сепак, во изминатите неколку години е регистрирана стагнација на бројот на деца со зголемена телесна тежина или дебелина во државава. Докторите препорачуваат дека здравиот начин на исхрана и физичката активност од еден час дневно се клучни децата да имаат нормална телесна тежина, пренесе МИА.

Доктор Игор Спироски од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за МИА изјави дека, според нивните податоци, во 2016 година 36,1 отсто од сите деца од второ одделение (на возраст од шест до осум години) имале зголемена телесна тежина или дебелина, во 2017 година – 37,4 отсто, а во 2018 година – 36,9 отсто. Во 2016 година 17,9 отсто од децата на таа возраст биле дебели, во 2017 година – 16,9 отсто, а во 2018 година – 18,6 отсто.

Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место.

Тој посочи дека ИЈЗ континуирано го мери бројот или стручно кажано преваленцата на децата со зголемена тежина телесна и дебелина и тоа на различни возрасни групи, а таа што ја сметаат за најрелевантна е возрасната група од седум години или од второ одделение деца, бидејќи со неа учествуваат во иницијативата за следење на дебелината кај децата на СЗО, која се прави секои три години.

– Податоците од последните три круга, значи од последните девет години покажуваат дека преваленцата на деца кои имаат зголемена телесна тежина или се дебели е во стагнација, што значи не опаѓа и не расте. Не треба да бидеме задоволни со тоа, бидејќи кога ќе споредиме каде сме со другите држави во Европа што учествуваат во иницијативата, а тоа е и идејата на иницијативата да бидат споредливи податоците, ќе видиме дека сме во горниот дел на табелата, што ги рангира земјите од Европа кои имаат таков проблем кај оваа популација, рече д-р Спироски.

Според податоците од ИЈЗ, појасни тој, во 2016 година 32,9 отсто од женските деца кои одат во второ одделение имале зголемена телесна тежина, во 2017 година – 33,2 процента, а во 2018 година – 33 проценти. Во 2016 година 15,2 отсто од женските деца во второ одделение биле дебели, во 2017 година – 13,1 отсто, а во 2018 година – 14,9 отсто.

Во 2016 година 39,4 отсто од машките деца кои одат во второ одделение имале зголемена телесна тежина, во 2017 година – 41,1 отсто, во 2018 година – 40,8 отсто. Во 2016 година 20,5 отсто од машките деца во второ одделение биле дебели, во 2017 година – 20,2 отсто, а во 2018 – 22,2 отсто. Значи, кај машките деца има мало зголемување, а кај женските мало намалување на процентот.

– Поентата е дека има стагнација, но пак ќе речам, ние не треба да бидеме со тоа задоволни. Причините за зголемена телесна тежина и дебелина кај децата се начинот на живот, немањето доволно физичка активност, начинот на исхрана… Добро ги знаеме придобивките од здравиот начин на исхрана и од редовната физичка активност, вели д-р Спироски.

Тој им препорачува на родителите да ги советуваат своите деца согласно препораките за здрава исхрана.

– Физичката активност исто така треба да се комбинира со исхраната. Децата минимум еден час во текот на денот треба да бидат физички активни, од средно до високо ниво на физичка активност, а возрасните до 30 минути да бидат активни пет дена во неделата. Тоа се генералните препораки, додаде д-р Спироски.

Според податоците од СЗО, на глобално ниво во 2016 година бројот на деца со прекумерна тежина под пет години се проценува на над 41 милион. Речиси половина од децата со прекумерна тежина до пет години живееле во Азија, а една четвртина во Африка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

May 9, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk