Повеќе од 20 смртни случаи поврзани со крузерот „Руби принцес“ е причина што околу 2.700 патници речиси еден месец се закотвени во австралиските територијални води и поради тоа се води полициска и државна истрага.
Според извештаите, околу 200 до 1.000 членови на персоналот се заразени со новиот корона вирус.
Персоналот заглавен на крузерот во последните четири недели не бил тестиран за Ковид-19, а секој ден растел бројот на заболени лица.
Меѓутоа, 49 членови на екипажот од Велика Британија, Ирска, Канада и Нов Зеланд денеска ќе заминат во своите домови.
Враќањето на останатите членови се уште не е организирано и околу сто членови на персоналот остануваат на крузерот.
Бродот треба да ги напушти австралиските води в четврток и да отплови на Филипините.
Околу 1.000 членови на персоналот од 50 земји од 19 март се изолирани на бродот без никакви информации за нив.