ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Предлог мерки за поттикнување на велосипедизмот и пешачењето во услови на редуциран сообраќај

Здруженија на велосипедисти и пешаци предлагаат просторот зафатен со платените паркинзи како тие на ЈП Градски паркинг, Град Скопје, ЈП за ПУП – Прилеп и ЈП Паркинзи на Општина Центар кои се долж улиците (и на сметка на тротоарите/односно улиците) да се врати на пешаците и велосипедистите.

April 22, 2020 11:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здруженија на велосипедисти и пешаци предлагаат итни мерки за да се поттикне возењето велосипед и пешачењето во услови на редуциран сообраќај. Со користењето на велосипед ќе се намали загадениот воздух, а луѓето ќе имаат физичка активност и излегување на воздух што е потребно за имунитет и добра психолошка состојба, велат од здруженијата.

Тие предлагаат на булеварите со повеќе ленти, најдесната лента да биде привремено наменета за велосипеди, а велосипедската патека (доколку воопшто ја има) да биде привремено наменета за пешаци. На улиците каде има доволно широк коловоз да се воведат велосипедски ленти.

-На улиците од понизок ранг – маалските улици кои немаат воопшто тротоари, немаат доволно широки тротоари или тротоарите се користат за паркирање, да се воспостави зона 20, односно ограничување на движење од најмногу 20 км/ч со цел да се овозможи безбедно споделено користење од пешаци, велосипедисти и моторни возила на коловозот, предлагаат велосипедистите и пешаците.

Еден од нивните предлози е просторот зафатен со платените паркинзи како тие на ЈП Градски паркинг, Град Скопје, ЈП за ПУП – Прилеп и ЈП Паркинзи на Општина Центар кои се долж улиците (и на сметка на тротоарите/односно улиците) да се врати на пешаците и велосипедистите.

Сите општини да ги лоцираат местата каде особено се групираат граѓаните чекајќи ред (пред маркети, аптеки, банки) и да го прошират пешачкиот простор на сметка на коловозот и паркирањето.

-Овие наши предлози ги доставуваме поради ситуацијата на недостаток на безбеден велосипедски и пешачки простор по улиците, особено кога е потребно безбедно разминување на растојание од најмалку еден метар според препораките (според најновите препораки од Министерство за здравство – два метра), на тротоари и простори кои се некаде потесни и од еден метар, а некаде и непостоечки, објаснуваат здруженијата.

Тие посочуваат примери како овој проблем е решен во градовите низ светот.

-Берлин и Будимпешта воспоставија привремени велосипедски ленти на сметка на автомобилските ленти.
Богота воспостави 117 километри привремени велосипедски рути за намалување на гужвите во јавниот превоз поради корона вирусот. Британија ги поедностави процедурите за општините да можат привремено да ги затворат сообраќајниците во корист на простор за пешаци и велосипедисти.

Бруклин (Масачусетс), САД, ја менува конфигурацијата на повеќе улици со цел да обезбеди физичко дистанцирање меѓу пешаците и се укинува паркирањето на некои улици, а некаде се одземаат цели коловозни ленти, со цел да се добие привремено проширување на тротоарите.

Виена, воспостави зони 20 во маалата каде тротоарите се тесни со цел пешаците да можат безбедно да се разминуваат, посочуваат здруженијата.

Тие истакнуваат дека Светската здравствена организација исто така дава препораки за пешачење и возење велосипед со цел да се остане физички и ментално здрав како мерка против корона вирусот.

Next Post

Мерките даваат резултати: Во Европа смртноста од корона вирус над 10%, Северна Македонија во група со Германија со под 5%

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk