ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР со помош од 250 милиони евра и понатаму ја поддржува Северна Македонија во справувањето со корона вирусот

Оваа година Република Северна Македонија од ЕБОР ќе биде поддржана со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании.

April 23, 2020 07:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на онлајн видео конференција, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа состанок со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти и неговите соработници, за состојбата со пандемијата на корона вирусот КОВИД-19 и за последиците, кои на глобално ниво и во нашата земја ги предизвикува ова заболување.

Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти изрази задоволство како властите во Република Северна Македонија се справуваат со пандемијата на КОВИД-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците. На видео конференцијата беше истакнато дека банката ќе го активира  „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.
Оваа година Република Северна Македонија од ЕБОР ќе биде поддржана со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании.
Дел од оваа поддршка е насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ЕБОР.
Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, упати искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и започнувањето на преговори со Европската Унија. Тој истакна дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.
Премиерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка, како и за отвореноста на ЕБОР, особено во овој тежок период и за вклучувањето на Република Северна Македонија во  „Пакетот солидарност“.
Воедно премиерот Спасовски искажа посветеност на Владата кон сите отворени досегашни проекти, но и кон проектите кои се во процес на планирање, за поддршка на динамичен економски раст.
Next Post

Шести ден по ред нема смртни случаи од Ковид-19 во Кина

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk