ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анкета на Стопанска комора: 9 од 10 фирми не планираат затворање или отпуштање на вработените

April 23, 2020 09:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора ги објави наодите од спроведената анкета за последиците од кризата предизвикана од корона вирусот за македонската економија и очекуваните ефекти од економските мерки на Владата.

Целта на анкетата беше да овозможи увид во регистрираните последици врз компаниите – членки на Комората во март и очекувањата за април 2020 година. Анкетата е направена во периодот од 7 до 14 април и вклучува одговори на компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра.

Од анкетираните фирми, 48% се изјасниле дека нема да ги пратат врботените на принуден одмор, 19% ќе ги пратат на принуден одмор, 19% веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13% размислуваат за друга можност.

Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2% од анкетираните нема да ги отпуштат вработените, 13% дека ќе ги отпуштат, а само 0,8% дека веќе ги отпуштиле. Стопанствениците се свесни за важноста на работникот, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос.

Во однос на финансиите, 44% од анкетираните фирми немаат проблеми со ликвидноста, додека 56%, очекувано, имаат проблеми со ликвидноста. Притоа, 65% од фирмите имаат кредити за отплата, а 35% немаат кредити за отплата.

Вкупно 81% од анкетираните фирми пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието. Притоа, 35% од фирмите пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50%.

И покрај проблемите во однос на производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на добавувачи, охрабрува фактот дека 71% не размислуваат за затворање на претпријатието, а дополнителни 21% размислуваат за затворање само на еден дел од претпријатието. Ова може да се поврзе со фактот што дури 79% од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, 8% од анкетираните би го затвориле претпријатието во целост.

Во рамки на Анкетата, фирмите се изјаснија и во поглед на тоа која од економските мерки на Владата планираат да ја искористат.

•    Најголем дел од анкетираните фирми, 30% од нив, планираат да ја користат мерката – 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за компании погодени од кризата или 50% од трошоците за придонеси за секој вработен.
•    За користење на мерката – задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор се изјасниле 26% од претпријатијата.
•    Мерката – одложување на кредитите кај банките и пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, ќе ја користат 12% од анкетираните претпријатија.
•    Мерката – дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе ја користат 7% од претпријатијата.
•    Исто толку, 7% од анкетираните фирми се изјаснија за користење на мерката – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

 

Next Post

Почнува судењето на двајцата штипјани кои претепаа девојкa

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk