ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Шахпаска: Пензискиот систем е стабилен, од денеска предвремена исплата на пензиите за месец април

За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата

April 24, 2020 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

И овој месец, над 320.000 пензионери пред време ќе ги добијат своите пензии. Од денеска започнува исплатата на пензиите за месец април, а за да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат веќе од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ на денешната прес конференција.

„За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;

– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;

– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и

– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.

И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери,  исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Тоа покажува дека пензискиот систем е стабилен, а пензиите на над 320.000 наши сограѓани се сигурни.

Одговорните политики што ги презедовме обезбедија намалување на дефицитот и стабилизација на пензискиот фонд и истовремен раст на пензиите.

За потсетување, преку одговорните политики, на почетокот на годинава успеавме пензиите да ги зголемиме за 700 денари и сега просечната пензија изнесува 15.500 денари што е зголемување за над 1.700 денари за само две и пол години.

Нема да дозволиме пензиите да бидат загрозени, ниту да им се одзема на пензионерите преку префрлање на средствата од вториот пензиски фонд, како што предлагаше неодговорната ВМРО-ДПМНЕ“, рече Шахпаска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025

(ВИДЕО) Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив

June 13, 2025

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов – ајде Мицкоски нека каже колку е дебела неговата врска со Нацев од Рубикон

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk