Кај кого ќе завршат 9 милиони евра профит? Ова е прашањето кое го поставуваат граѓаните во однос на зголемувањето на акцизата за нафтените продукти. Владата удри по народот со зголемувањето на акцизата. Се спроведува транспарентен грабеж од страна на Владата, ова денеска преку прес-конференција ги истакна Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Прашањето кое всушност се наметнува дали со оваа изјава на нивен млад претставник, ВМРО-ДПМНЕ, настрана обвинувањата дека Владата краде, признава дека крадела, ама криво им е што тоа го направиле НЕТРАНСПАРЕНТНО?