Целосната изведба на претставата „Филозофија на паланката“ која беше изведена во Кино Култура на 28-ми септември 2016 година како дел од програмата на 11-то издание на POP UP АКТО фестивалот за современа уметност, сега може да ја погледнете, тука.
Режија: Златко Паковиќ
Продукција: Центар за Културна деконтаминација – Белград.
– Ние денеска и неолиберализмот можеме да го гледаме како израз на духот на паланката на глобало ниво и јас за тоа говорам во овој ораториум, за кој го напишав либретото. Едно од откритијата на ова дело е дека тоа е критика на омразата кон животот, а е и будење и наговор на протест, на борба и откривање на едно поле на ентузијазам во егзистенцијата на секој човек, значи еден вид покана за радост. Го анализирам српскиот национализам, со примерот на Добрица Ќосиќ, кого го сметаат татко на нацијата. Ќе видите дека национализмот е всушност омраза кон сопствениот народ и претставува убивање на сопствената нација. Оваа претстава ја погоди целта – во духот на паланката. Говорејќи за српскиот национализам, говорам за национализмот насекаде, па и за македонскиот национализам. рече Златко Паковиќ, режисер.
Ј. Ѓ.