Најафирмираниот македонски оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во Италија со нова видео снимка на социјалните мрежи. Овој пат изборот е „Чија си“ од Славе Димитров.
„Пред некое време на мојот профил Инстаграм направив анкета за најубава македонска песна на сите времиња. Најголем број на гласови доби „Чија си“ од Славе Димитров но и мене ми е една од најомилените.
Денес една музичка прегратка од мене токму со неа.“ пишува Благој Нацоски.
Ј. Ѓ.